засркне св.

засркне (св.)

Отсекаде рига оган: гори и тревата и шумата, нѐ засркнува горењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Аух, аух! - свика со засркнат здив. - Се сневиде сѐ!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Јас се засркнав и цигарата ми испадна од уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И штом помислив така, се почувствував мал, зашто одеднаш пред мене чиниш се појави таа и ме гледа со своите големи сини , тивки и насолзени очи; ја чувствував топлината и горчината на мајкините солзи. Многумина како мене свртеа глави и многумина како мене се засркнаа од липање.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И таа се засркнува од смеењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам како не ме засркна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Њ бездруго ќе оздравеше да не се засркнеше од последната лажица.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А можеби се засркна од дождот, си велам, можеби премногу дожд му влезе в уста?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Војниците се шлакаат во реката, се засркнуваат од залетната вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пилињата ги пуштаме и тие испиштуваат, засркнати од нашите плуканици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дуковица ми кажуваше дека еднаш и јадел и пиел цигара. Ама тогаш многу се засркнал. Со чадот и трошки му залетнале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од мало невнимание ептен се засркнав кога големиот бран ми ја наполни устата со разѕвездени брадавички.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Една мала, топчеста бригадирка, преврзана со бела шамија, кога усети дека ја блисна студена вода и и’ се разлеа по градите, цикна преплашено и го испушти чанчето на земја; Мече се засркна од смеа, а после нацрпи во црпалото пак вода и уште неколку пати ја плисна бригадирката, која што беспомошно се обидуваше да се одбрани со раце: – На, сакаш уште!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- А целината, ти можеш да се смееш до засркнување - вели Борко - но токму таа целина потсетува на Ана.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Раскажуваше полека како да се плаши да не се засркне од многуте зборови, го гледаше настанот и се гледаше себеси во тој настан, со жестока горчливост во гласот се исповедаше пред седуммина гости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Замижувам и шмркнувам од дланката ракија. Се заскрнувам, и се потстемнува и само модреам, зеленеам, побелувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Хи -хи - хи... - потсмешливо се засркна оној чиј дедо за малку што не бил скопен.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Неколку гости во една кафеана се засркнаа, згадени од неговата постапка, па Ц задоволен од исходот тргна кон својата куќа планирајќи го новото утрешно заљубување.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Се слушнало само некакво суво дишење, болно и испрекинато, човекот можеби се засркнувал, додека и другите околу него не почнале да дишат како и тој, претсмртнички или пијано, потоа тој Јане Крстин офнал и се занел на една страна, тогаш кога сите знаеле дека од негде некој стрелал кон нив, кон сета толпа, сеедно во чие месо ќе се забие оловото од бездруго долгата арамиска, беговска или измеќарска пушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Немој мори, Велико, немој сестрице, ми вели, што е тоа што работиш, вели, зар и ти треба да се отепаш, вели, нека ти се живи другите, вели, имаш и други деца за гледање, вели, зар сакаш сираци да ги оставиш, вели. И плаче. Се засркнува од солзите. 62
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе