застуди (св.)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Му застуде и гледајќи дека има уште час два спиење, легна покрај Гита и се обиде да заспие.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Годинава, во првите септемвриски денови, необично застуде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога ветерот го зафати и него, кога му застуде и тој тргна кон дома. Во дворот се сретна со Профима.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Чудно дишеш. Поткашлуваш“, возвраќа другиот човек. Правилно одговарам: „Можеби малку застуде.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)