затупка (св.)
Шестото навистина го испи малку побавно, но никој тоа не го забележа, на седмото виде само Трајанка и ѝ затупка срцето што ќе излезе победник, на осмото децата почнаа да му се смеат дека не може ни колку едно женско да биде јунак, на деветтото одвај го качуваше ридот а кога дојде до половината на десеттото, којзнае како стана, но се закашла и не го допи.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
На Мартина, уште кога тргна кон нив, му затупка срцето, но беше премногу горделив за да се откаже да оди накај нив.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Боге му свирна да се тргне од патот, но јарецот не се ни мрдна - само ја проследи со главата колата како го одминува, со поглед потценувачки ако не и пцувачки, па дури и не затупка со копитата по асфалтот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Очи в очи се погледнале. Срцата им затупкале. Од првно виѓавање се заљубиле.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Затупка со опашката по паркетот како да го повикува неговото внимание и сочно, некако разлакомено, почна да се оближува со јазикот и наметливо да потквичнува.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)