зачне св.

зачне (св.)

Близнаци или тројки може да зачне жена која има капацитет да ги носи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Е тука според интимното размислување на секретарот, се зачнала грешката која повеќе никој не можел да ја исправи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Погрешната идеја, со последици во остварувањето со страдање на цел еден народ во фаталните граници, зачнала во умот на диктаторот, во неговиот делириум на владеење да се сочува власта небаре од Бога дадена.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А за жал, по сѐ изгледа се случи така: мигот на зачнувањето на новиот здив и новиот живот да биде обележан со знакот на смртта на учесникот во неговото создавање?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А сите што барем малку се одбираат во зелки знаат дека зелките немаат нозе а и чуму им се нозе на зелките кога умот е во главата а не во нозете, а од главата се стркалуваат и се истураат во јавето и сите тукушто зачнати и тукушто отсонувани соништа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Мене ме обзема мислата за доследноста на системот во наложувањето на организираната лага која почива врз една погрешна идеја, зачната и одржувана во заробениот ум, прикажана од музеј во музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко добро знаеше дека големите идеи кои зачнуваа во главите врз погрешни основи од смели поединци, како на пример, во главата на научникот Лисенко, со идејата да создаде џиновско јаболко или зрно жито, можеа во доменот на свеста, на пример, идејата да се истера Бог од душите на луѓето, да се отстрани самото верување на луѓето, можеше да биде проследена со несогледливи последици.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Хандке во текстот, понатаму, вели дека бил зачнат на подот од кујната во куќата на неговите родители. Јас немам такви сознанија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не сакаше да ми каже кој ми е татко. Со кого ме зачнала.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Светот настанал од влажен збор. (настанокот на светот според Догоните) во мигот на зачнувањето влажен е и воздухот и вагиналните ѕидови, температурата триесет и седум степени, умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд. никогаш не си земал часови пливање, но грбно ти оди добро. со секое проѕевање во матката по малку и голташ - протеини, јаглени хидрати, електролити и уреа. спокојно се нишкаш на тој воден кревет. како човечка рипка дремеш во мракот. потоа шок - со плач протестираш кога меурот ќе прсне и мокриот остров ќе се претвори во непрегледно копно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Но при операцијата останаа во чудо: ѝ го најдоа во неа и оној поранешен плод - зачнат вон материцата и немајќи услови да се храни, кога достигнал одредена големина, угинал.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Процесот на трансформацијата на видливото во невидливо ние не знаеме ниту кога зачнува ниту точно кога и каде завршува.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Уште во овој чудесен град на Босфорот, во неговата развиорена младешка свест зачна идејата на животот да трага по семејната историја и како Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во нејзиниот живот со своите значења се испреплетуваа првин „грчката врска”, па „италијанската”, зачнати од нејзините единствени патувања во Грција, во Солун и во Италија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ете, и помеѓу тие тешки времиња можело да се зачнат и необични нешта, па дури и копиле!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбуди, се сепна... со чуден најчуден осет... узна оти чедо ќе зачне најсилно на светот!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Овде, на брегот, пред големата врата на животот, зачнаа и моите големи пријателства со кои мојот живот и пишување добиваа нова смисла во моите спротивставувања на балканизацијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Големиот бран знае дека е зачнат од една капка и дека секоја капка треба да се варди како античка убавина пред налетот на големите светски жеги.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Но уште тогаш се зачна сомнежот кај власта и партијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Курта беше зачнат од свапирен татко.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Повеќе