заштитничка (ж.)
Како лулка, како сигурносно легло за ветрот, кој тука се одмара, тајна заштитничка лулка, неоткриена тајна од човековите очи.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
На заштитничката Богородица ѝ кажаа дека Пела веќе цела недела оди на училиште, дека ја засака учителката, а од учителката добива само пофалби, дека денеска ќе имаат сè најубаво за себе а и за некој гостин ако помине низ нивната куќа.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Бездруго Бургиба се замислуваше во улогата на волкот, сведочејќи за трагизмот на животот, но и во улогата на волчицата која, според некои интерпретации, се претставуваше заштитничката на Рим...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Целата е заштитничка – детето со грбот е потпрено на нејзината рака, а со едното рамо на нејзината лева града, токму над срцето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)