зајакне св.

зајакне (св.)

Мода во ротата беше купчето земја пред окопот да се зајакнува со што повеќе камење покриени со земја.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И како што минуваше времето, шансите на семејството да се помести кон Америка ја зајакнуваа татковата илузија да го следи патот на јагулите кон нејзините брегови.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се жалеа на пороци и грубости од професорите кои не се воздржуваат од примена на сила како метод за зајакнување на актерското его.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Претпладневната ракија како топол бран чинеше да го чувствува целосниот посед на телото, да си го зајакнува оптимизмот, илузиите, додека вечерната ракија ја пиеше за своја душа, таа му ја зајакнуваше носталгијата за старите времиња, за животот со семејството крај Езерото, за годините на младоста минати во Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И оваа трансгресија ќе ја зајакне неговата неодолива импулсивност, речиси истата онаа која ќе ја мотивира неговата мајка да го преземе фаталното патување во родната земја и која ќе биде принудена да го скрати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Блискоста, меѓусебната доверба зајакнувана од збор до збор го зајакнуваа уште повеќе нивното ретко, можеби и единствено пријателство на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Песната го храбреше, му го зајакнуваше моралот со помислата дека не е сам, наскоро ќе пеат сите со него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Па, замисли си, во наредбата што ми ја пратија некни, пишуваат: „За да се зајакни борбениот дух кај новододјените борци, кои добороволно стапија во Демократската армија на Грција, во слободно време, офицерот за културно-просветна работа, задолжително да почне да ги учи да пеат револуцинонерни и борбени песни.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Како?” - прашува снисходливо актуелниот претседател на еврејската заедница кој стои пред Координациониот управен одбор за социјалните работи, зајакнат со Д-р Цви Корец кој е сѐ уште повратник од Виена и личност без функција и уште дванаесет видни личности на солунската заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Оваа војна ќе го предизвика зајакнувањето на веќе започнатиот турски национализам, предизвикувајќи депортации, односно чистење, подоцна и етнички, кои понекогаш имаа димензии на масакри на населенија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Над него се простирала загатвила степа без одговор на неговите маки, дел на татковината во која човечките жили се зајакнуваат со степски ветар и кобилско млеко.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не се лесни овие патувања, по толку, толку многу години. Остани овде уште некој ден за да зајакнеш.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Само една птица не можеше да го одржува летот на јатото, за на крајот да остане на брегот, за да ги зајакне крилцата и повторно да полета кон своите, во далечна Турција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но од тоа тие немаат многу мака. Ги печеше ги гореше, ама и ги зајакнуваше да можат да ги издржат сите други и маки и страдања што им ги нанесуваа господарите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во тоа време, кога одеа да го собираат владичниот, грчките битолски владици, од страв од ајдути, а и за да го натераат народот да го плати данокот, одеа опкружени со големи тајфи составени од заптии и ѓакони, а Партениј, за оваа пригода, беше се зајакнал уште и со некои свои послушници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Границата не можеше да ја подели миризмата на расцутените јорговани којашто ја зајакнуваше здивот на од брановите на сините езерски води.
„Граница“ од Луан Старова
Пред каков било обид за објаснување, мораме да промислиме уште едно зајакнување на таа несфатлива постапка во египетскиот јазик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Веројатно имаше нови јагниња, веројатно Снеженка закрепнала, зајакнала, веројатно говедата направиле ѓубре што треба да се изрине, но за сето тоа Бојан одвај наоѓаше сили и да помисли, а камоли да се зафаќа, да проверува и да работи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Рожбите ја зајакнуваа. Нејзиното кревко тело, од рожба во рожба, стануваше сѐ појако, но и грижите беа поголеми.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тивко исчезнуваа, се обезвреднуваа, сѐ помалку имаше нејзини верни приврзаници, зајакнуваа центрифугалните националистички сили, се поткопуваа темелите на земјата која во биполарната епоха ја одржуваше рамнотежата меѓу источниот, комунистички свет, со разнишаните позиции на Советскиот Сојуз и неговата сателитска заедница, како и евро-атланската заедница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе