збогати св.

збогати (св.)

Да им дадеш по нешто на сите оние кои учествувале во твоето збогатување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Однесов тринаесетина жители од мојата куќа и ги збогатив периферните куќи на градот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но за жал бев свесен дека не располагам со многу податоци што бездруго ќе ја збогатеа таа вистинитост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нив, пред сѐ, ги интересира дали дрогите можат да ги поттикнат креативните потенцијали и да го збогатат творештвото со нови теми и содржини.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Всушност неодамна си ја збогати својата грамофонска колекција со еден редок тип на џубокс.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ова учење го збогати неговото знаење.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој не сака да си го растури огништето, тој само нуди да ѝ го збогати животот со мајчинство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Интимноста на дигитално ниво ја програмира и збогатува размената на потоплите нивоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Освен тоа, тој беше нешто како сараф – даваше по луѓето пари на заем, како што сега банките даваат кредит за малото стопанство како што го викаат, на кесим, како што се вели по турски и со убав интерес така што тоа, исто така, му помогна да се збогати. Србите нив ги викаа зеленаши.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот со ова дело ја збогатува варијантата на балканската легенда за жртвувањето, овој пат сведочејќи за жртвуваните кози во утробата на планината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така аскетскиот арсенал на тие парадокси, забележан во старите елејски учења и одредени во схоластичките примери за Ахил и желката и Лакот и стрелата, денес можеме да го збогатиме и со новиот технолошки пример...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Терасата на ресторанот неочекувано се отвораше накај Јадранот, кој тука ненадејно се појавуваше сред градот, на место каде што човек најмалку би можел да го очекува, зашто тој впечатлив син блесок не користеше за ништо друго освен за да му го збогати шаренилото на боите на пазарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Напротив, тоа значи збогатување на зрелиот сексуален живот во споредба со анималната сексуалност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Особено што тоа беа луѓе родени во еден од полските штетли, села со еврејско население, семејство кое судбината го одвои од животот на предците, а трговијата со сточна храна го однесе во Гдањск и пристојно го збогати, овозможувајќи им да скокнат од селската општина во трговскиот сталеж и од грубите ткаенини во префинета градска облека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ваквото дружење подоцна прерасна во еден вид живеење или поточно игра, како што реков веќе, во која не вложував ништо а таа сепак ми ја поттикнуваше самодовербата и ги збогатуваше доживувањата што ми недостигаа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошто AI и когнитивната психологија се во ист чамец Се чини дека се повторуваат сомневањата дека AI и психологијата имаат многу заедничко; и всушност, имаат однос на суштинско (и притоа во пораст) взаемно помагање и збогатување.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Секој допир е инхерентно сплотување на душите, несебично давање дел од најдрагоценото, дел од себеси, збогатување на радоста, разбирање на тагата, ритуал на взаемна егзистенција.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Материјалниот свет“, продолжи Дипен, „изобилува со големи сличности во однос на нематеријалниот; и на тој начин реторичката догма, што преку метафората и компарацијата ги поткрепува аргументите и го збогатува изразот, добива извесна нијанса на вистинитост.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со овие книги, Мајка си ја збогатуваше и својата стратегија која ѝ била доверена од Бога дарејќи ѝ го животот за да си ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Земанек сонуваше дека еден ден ќе се збогати, дека ќе добие многу пари на некоја игра на среќа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе