зготви св.

зготви (св.)

Доста го зготви петелот и пред да се заврват гостите, отиде во земникот да не ја видат така како Ѓупка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со тешко срце ги зготви и ја повика на вечера половина зграда.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Уште при будењето го здогледував нејзиниот лик, потоа неколку часа одеше да ги риба подовите кај некои од побогатите семејства, а откако ќе се вратеше остануваше крај мене, и само на кратко се оддалечуваше од мојата постела, за да го потсреди домот или да зготви нешто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А некој само заради тоа што не зготвиле до саатот што дале теир!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Петлите си знаат уште во темните темници да ги скорнат домаќинките, лебот да се меси, да втаса, да се пече; манџиче да се зготви, софрата да не биде празна - Да не тропа лажицата во празна паница!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Како секој ден јаделе едно исто јадење зготвено на различни начини.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Откако ќе се зготвеше месото во казани, им се носеше на војниците на положаите над селото и им се делеше во порции.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На сите лица радост, опијанетост од убавината, од средбата, од миризбата на вкусно зготвената манџа во казаните што испарува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Утре јас би сакала да ви зготвам ручек.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мојата сатисфакција беше дека сѐ што зготвив се изеде.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И уште повеќе. Мислам дека можам да седнам тука, а да бидам во Сеул каде што барам ресторан во кој сервираат мали печени кучиња, тогаш заклани, каде што можеш дури и да си одбереш некое од кафезот што истовремено е и витрина и тука да ти го заколат и да ти го зготват.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
По две недели ќе биде Свето Благовештение; дотогаш во ливаѓето и оградите ќе стаса зелјето па за да зготват жените за празникот Риба на зелје под вршник, тие, мажите, ќе мораат да отидат на Црна и во Блатото за да изнафатат риби.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ВЕРА: Ме изеде срчка да те изеде. (Поставува за јадење.) Што попрво да сторам? Дали да изметам, дали да исперам, дали да зготвам?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сам се зготви за пат, оти товар немаше, оти уката од небото и земјата ја беше собрал, од таа книга вечно отворена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потоа месото го зготвив исто како што ме учеше свекрва ми: со кромид, потоа со повеќе бибер и сол, ловоров лист и конечно чаша бело вино.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ама, гравот е знак дека и во твојата куќа заиграла „варјача”, дека си врв од домаќинка и дека, во зависност од тоа како си го зготвила, така и ќе ти помине остатокот од денот до замрачување, а богами и ноќта!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Другиот ден, пред самиот ручек, ќе го симне грнецот од оган, ќе го извади поклопот, ќе му тури потпршка, троа брашенце и црвена пипер, и - ете ти јадење од кое немаа најаска силниците кои доаѓаа, божем по работа, уште одвечер во Потковицата и заповеда да им се зготви утре за ручек чомлек.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А јадат како скинати, не пребаруваат. Има право баба Маре - на дрва е зготвено.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Оди во Крушевица твоа; малку е подалечку од аскерот, белки не ќе се забележи толку колку овде пред носот негов! — ја повторија и потретија селаните молбата, но Толе си остана на своето и нареди преку ноќта да му се зготват пет шест кокошки и толку мазници за неговите луѓе и остана да преноќува в село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Побара да го прашаме готвачот дали може да зготви тртник од нилски коњ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе