зимски (прид.)
Дејгиди моме од ЕЛЕМ од мразој ми коса побеле знам сила Бога не моли ѕемнам цел ден по јамболии Ах мори моме од ЕЛЕМ имам проблем преголем в темница книга пишувам пареа од усти издишувам Студ ми влезе во душата камен се стори срцево во зимските дни студени знаеш ти да ме ИЗГОРИШ Зошто ли зошто се продаде в туѓи раце ти отиде и џебови мој ти запусти Џевад за џабе те користи
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Сега седам на тремот и мислам на убавите сенки стопени веќе во синиот чад на зимското небо.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Само тешко ми е. Телото ми тежи. Се чувствувам како да носам зимско палто среде лето.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Како и секогаш нафрла храна во јаслите, го срина малку ѓубрето кај говедата, им посла сува слама, па чекајќи така добитокот да му се порадува на убавото зимско сонце, да се надише свежина гризеше јаболко и пребаруваше низ мутвите на кошарата, низ сеното и сламата во плевната, низ сомнителните места во ѕидовите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Заплашувањето на првиот зимски здив внесуваше во нив бес - луташе таа мафија по улиците и оставаше зад себе јад и солзи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Леле колку подолги стануваа тогаш тие зимски ноќи!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Седна крај прозорецот, го зеде моливчето и ја напиша оваа песничка за топлата снежна покривка: Од небото зимско цел ден само снежи, под покривка бела родно поле лежи.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
15 На првиот состанок по зимскиот распуст Томе ги информира дека во Македонија започна да се реализира Европскиот проект за здрава ученичка средина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Од предната страна на зградата, на терасата што продолжуваше на осум столбови над реката, во големи земјени ќупови беа посадени леандри кои во првите зимски денови газдата Таки Ников ги собираше во стаклениот цвеќарник што беше придодаден на зградата од страната на Камениот мост.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
ЗИМСКИ ШУМОВИ Декември изненаден од нечеканиот шум на студот ја свива кожата на градината.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Со првите пролетни дни, по сите зимски мори и плашења, едноокиот дошол ноќе од непознат крај, убил туѓа кобила и со големите нокти ѝ ја искинал утробата; ѕверскиот корен можел да му се напои само со густа врелина на крв...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Собирав повеќе од сочниот воздух и вода за да имам кога во Скопјето сиво и студено ќе ме завладее зимската суша.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Греењето во работните хали потполно се исклучува, а работниците се приморани сами да прават грејни тела, да собираат гранки и да сечат дрва од блиската околина, како и од фабричкиот двор, па дури и да горат стари камионски гуми – со цел да се стоплат во текот на студените зимски денови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Еден студен зимски ден, Џ дозна од маалската алапача Мара дека неговите гладни соседи ја исклучиле струјата во зградата за да се нагостат со пингвините.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Тоа беше книгата што ми стана неразделен другар во долгите зимски вечери.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Пред тоа сѐ беше како и што треба да биде во еден обичен зимски ден со сиво небо, полна мешина обесена над густите дабови, бессилни да го стресат од себе жолтиот покрив на восочните лисја.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Изгледаше дека сивото зимско небо ги напушта своите височини и целото слегува по ридјето, падините, доловите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Мечката Мирна три години го преспиваше зимскиот сон во една пештера.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Не сакам да заборавам, целиот живот ќе се сеќавам на една бела зимска ноќ, на хармонијата и виртуозната слобода на снежните кристали, кога се заколнавме на вечна љубов која ќе трае засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Лузната на лицето, и затоплена од пролетна благост, не се ослободувала од модрите зимски апежи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)