Зодијак (м.)
Лета јастреб на летното небо
под нечитливиот краснопис на зодијакот
најпрвин во кругови широки и нагли
како скришни помисли
потем сѐ поситно, опсесивно
запира на родното дно
наспроти сѐ друго што и натаму се врти
околу својата замислена оска.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
А и не ги разбирам баш тие хороскопски и зодијачки знаци. За нив е махер тетка ми Ана.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Секој си има еден вселенски знак, еден зодијак. И тој го управува него.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Едното веќе ја наместило фирмата на старата готварница на Паско Бачо - „Пчела“, трговија со мед, матици и трутови; второто „Турс“, патувања и посредништво, работа во Нов Зеланд; третото „Зодијак“, што ни кажуваат ѕвездите, изработка на хороскопи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)