зол (прид.)
Зла судбина на глава ни лежи, бол и тага плетат свои мрежи.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Не е моја работа да барам дали некој зол демон на Бугарија ни ги има направено сите лошотии бугарски нам на Македонците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се влечеше по калдрмата додека зад него остануваше танка и влажна нишка пламен на зол вепар.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Земскиот бог те фрли во арена опкружен со злите кучиња за прести а тој одозгора сеирџиски ве гледа и смртта ваша за него е фетиш
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Можеби некој од колегите му беше укажал дека и покрај грдите предвидувања на спомнатиот автор Кафка, неговата земја на која и предвидувал зла судбина за нејзина голема среќа но и за среќа на нејзините жители и покрај фактот дека има поминато низ големи преиспитувања и тешкотии ги има совладано сите нив и речиси секој ден го потврдува своето постоење.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Има многу причини поради кои една кула не може да опстои; тоа може да се припише на неукоста на градителите, на злата волја на подлогата, или на недоволното количество врзивна материја која го држи каменот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Градот е ѓавол, градот е зол градот сурово наденува на кол преполн со завист, нанесува бол загадочен исто ко Гордиев јазол Премногу фарси, премногу маски градот е подготвен сѐ да прими премногу надежи, премногу лаги а градот загаден сите ги голта
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
24. СО АРЕН ДРУГАР И ВО ЗЛО ВРЕМЕ - тоа ти е тоа предимство на бракот: заеднички се поднесува едно исто бреме при преселувањето од светлото во мракот...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
По читањето на Браќа Карамазови и Зли духови, Татко изврши мала реформа во одделот на светите книги во својата библиотека.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И имало тоа девојченце зла маќеа, која секој ден го испраќала голо и босо по ридиштата, да собира дрва.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
А Нешка одеше, си работеше што ја повелаше мајка ѝ и татко ѝ и сѐ некаква зла волја ја потискаше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Има такви места на човечката става во кои се собира зла крв.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Немир,тој авет зол, злобно поттропнува по портата на моето сновидение за да се вгнезди, во празните одаи на срцето...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Гнидите политички го рушеа крстот а потоа правеа невиден прогон се сметаа себеси за посебна врста на градите имаа масонско лого Друштво им правеше куртизанка млада висока стројна ја викале Рада ја стискаа сите за бујната града го калеше стажот во странска амбасада Дојде време за конечна битка и одмазда на тие разбојници зли време за крвава масовна чистка за сите животи што страдаа од нив
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Некој ѝ се чудеше на прикаската: удрила зла чума на царските синови и ги ничкосала, најмалиот останал жив за да се бори.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Патокази в немир демнат грст сенки во таен кас, зрачнокрили едра ѕемнат вон кошмарот дух кој руди зли сили на пресврт час.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Дали се само природно сомничави или и суштински зли, дали за психологијата на масата е карактеристично дека ќе уништи секој новум, или проникливоста на масата е, всушност, инстинктивна и посилна од со разум поткрепената логика на образованите?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се начичкавме на стаклената врата и живо ѕиркавме во сандакот со десетина маси, со тезге, зад кое газдата спиеше буден, со зли келнери и меки полни певци, нацрвени и сонливи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Големиот зол снег веќе со денови ги блокираше сите важни сообраќајни правци во земјава: - Што е ова што се случува?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)