идиом (м.)
Последниов идиом, што го беше слушнал од баба му, му исплови од длабочинита на сеќавањето како дамнешен удавеник, додека се шуткаше низ станот тарашкајќи некоја капка алкохол по празните шишиња барем мигум и навидум да се смири.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Она со што овој старец, Најдо, му направи впечаток, беше неговото богато изразување со постојана употреба на изворниот јазичен идиом на еден зачудувачки убав начин.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Настана тишина. Татко повторно се огласи: Некогаш новите балкански идиоми се чистеа интегрално од отоманските османските зборови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Така е, Камилски, ние треба да го проучиме опстанокот на полиглосијата во османското минато, како и опстанокот на османските зборови во денешните османски идиоми? предложи Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски најпосле со свечен глас како пред амфитеатар, во кој единствен слушател беше Татко се огласи: Додека престојував во Франција, Шпанија, Белгија, на Запад, често ги слушав предрасудите за нашиот Балкан, посебно беа нагласени тие од доменот на јазикот: сме ти биле разделени со голем број неразбирливи јазици, наречја, дијалекти, недовршени идиоми, сме ти биле жртва на најсилното пророштво на Вавилон.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Затоа Барес може, во името на науката, на своите сонародници да им советува да се ослободат од крупните зборови какви што се вечно или секогаш, и како пример им го наведува идиомот кој, наместо зборовите „јас мислам“, ја остава можноста да се рече: Es denkt in mir, „тоа мисли во мене“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ако терминот „пердуви“ го претворам во идиомот „се кити со пердув“ и го објаснам како фалбаџиство или купување по инерција, добивам „прекрасен“ резултат. Неточен.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Идиомот, ако го има, она по што препознаваме нечиј потпис, не се присвојува, колку и парадоксално да звучи тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во таа цел, Hence Dante Gabriel Rosseti 1861. година изјави дека работата на преведувачот во себе носи стремеж на себелишување и задушување на сопствените креативни импулси,сугерирајќи дека често преведувачот ќе се послужеше со идиоми на својата епоха и со свои сопствени, за да го разубави текстот, но само кога неговото би му припаѓало нему; често по некоја каденца ќе му послужеше, но за структурата на авторот - и по некоја структура, но за авторовата каденца... okno.mk | Margina #8-9 [1994] 27
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Хомонимот chere (од идиомот bonne chere) претставува отмен израз за квалитетна и скапа храна.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Dans le bain (буквално: во бањата), секако е идиом во вистинското вплеткување во нешто, така што, само што сме продреле во спиралите, веќе сме вовлечени во првата фаза од нејзината имплицирана вулгарност, па неизбежно и во сексуалните конотации на целата фраза.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тоа француско опфаќање и во поезијата и во идиомите, традиционално се смета како смрт (la petite mort, „смрт во мало“, претставува идиом за оргазам).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Чинго се потпира, во основната јазична структуираност на својата проза, повеќе врз живиот говор, помалку врз фолклорот и неговите идиоми.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Под дејство на размената и сеопштото меѓудејствување, народите би престанале да живуркаат затворени во своите граници, нациите веќе не би биле одделени планети, различните идиоми веќе не би се вкочанувале во идиотизми, книжевноста би се одвоила од тлото, а делата - стапувајќи меѓусебно во понепосредно заедништво - веќе не би можеле да се класифицираат според своето потекло.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)