избезумен прид.

избезумен (прид.)

- Држи ја! Држи ја! Оваа е добра! - викаше како избезумен.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Солзи течеа од избезумените очи на татко ми, го браздеа неговото извалкано лице.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Избезумен со глава го удри в лице и во истиот миг му го откина од рака камшикот и му врза два нишани од уво до уво.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мојата темелна деструкција ревносно пелтечи низ монотонијата на избезумените интриги.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тогаш другарот Колојаноски ќе дувнеше во грнетата и тие несреќниците ќе почнеа кој како, како пијани, излудени, сосема избезумени, црни сенки, страшни, да се веат ваму-таму, чиниш некој лош ветар ги носи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Избезумена, не чувствувајќи ги ударите на секакви работи што паѓаа врз мене, се стрчав назад во станот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не исправајќи се, избезумен од надеж дека го дочекал мигот во кој ќе се прости од маките, голиот поп без двоумење покажа со рака кон домаќинот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трупот на мојата верба беше преполн со стршлени, кои се котеа тука, како избезумени.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Веќе следниот миг се слушна како вагоните во тунелот сопираат, како експресот ја губи силата, како не може да го прониже тунелот, како папсува; а само миг потоа, од тунелот истрчуваше машиновозачот, млад човек со брада, ќелав, влакнест во рацете, избезумен, и нешто викаше; излегуваа од вагоните и многу луѓе, цел град, цел еден свет; се собираа под покривот на мостот, под мрежата со згаснат напон и гледаа во јагленосаното тело што лежеше на мрежата; некој се онесвести, а некој друг повика: „Каде е жената?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мислевте ќе ве прифати нов свет, негибнат од инфективните раце на цивилизацијата, а завршивте како чорба на ритуалната трпеза на дивото племе Њам-Њам. – избезумен се врти кон брат му – Беднику, зарем не сфаќаш.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И така избезумен од страв, ја почувстува нејзината болка во своето тело, смртна болка која е сепак помалку итна од битката да си го поврати здивот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Деновите ги трошеше седнат во блиската кафеана, што беше обликувана во форма на еден голем филџан за кафе, во чија внатрешност се вртеше, како избезумен, тутунов чад, прикривајќи го видикот на многуте светлечки рекламни паноа и слики, сместени на темните ѕидови, како налепени парчиња смола врз дрвена кора.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Пред мене избезумените воини, попови, професори, студенти клечат пред неумоливата рака на оганот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Целата сум избезумена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едно утро, кога Мегалон веќе сметаше дека бербата привршува и дека децата ќе се вратат по своите домови, дотрчаа слугите избезумени.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Изутрината го најдовме како се прпелка крвав и избезумен, уловен.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не оставајќи ѝ време да реагира, ја повлече со левата рака, а десната ѝ ја стави околу вратот и му викна на Сатурн Волшебникот: – Одете си! Сатурн побегна избезумен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оловниот куршум не погоди овојпат ништо. Сиот избезумен, мажи да паѓаат виде.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Почека избезумена, алчно слушајќи го познатиот звук, тажна и испотена, еднаш, двапати, трипати, и конечно го слушна гласот на мажот на својот живот, кој живееше без неа во нивната куќа. – Да?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неколку жени, избезумени, коленичеле пред капетанот барајќи спас.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Повеќе