избие св.

избие (св.)

Од кај исток се распука модрината на ноќта и небото прво зарудеа во црвени пламења, а после од некаде зад планината изрони и усвитеното коло на сонцето, кога бегалците избија на прашниот белузлав пат што се извиваше како змија по грбот на планината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се претвора во вулкан и избива. Жешка лава тече по кожата на земјата и како капки пот се слева преку долината.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како огромен шарен килим долу се простираше полето и искапено во утринската роса се преливаше во златото на узреаните оризови класја, во зеленилата на тутуновите стеблинки, а тек-тук се белееја и снежните пахулки на памукот што избиваше низ распуканите чушки.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Легна под Малчевиот орев на плеќи, ги фрли очите во широките лисја на оревот и побара едно прозорче преку кое погледот му изби.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се плашеше од силата на погледот за од нив да не избијат стрелите на омразата, па да не ѝ плукне в лице.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Лево, валканите решетки водеа до подрум од кој избиваше здив на смрдлива дупка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Од земјотресот се разниша и брегот над селото, пукна нешто во него, и заедно со сулфурната вода и пареа што порано избиваше во неговото дувало - сега зафати да избива чад.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но она што навистина го потсети на неа токму во тој момент беше несносната горештина на тоа попладне, од која му изби пот по челото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја мереше и се јадосуваше што водата, место да ја зголемува температурата, како што очекуваше, таа ја намалуваше и тоа беше знак дека нема да избие лава и да ти помогне во твојот научен потфат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Патуваше така Зоки од еден мал град во едно големо село, па покрај една широка река до едно долго море, дојде во една тесна улица, а потоа изби на еден малечок плоштад, па виде една ниска планина и се искачи на една висока рамница, и сѐ така патуваше и патуваше по целиот, по целиот свет...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Дишејќи ги така опојните мириси што избиваа од сламарицата, чувствувајќи го нивното благотворно дејство, на ум му дојде истото вакво дишење на сламата во плевната кога како дете се разболе; бегаше од болеста што го имаше приковано за креветот во собата и одеше кришум во плевната и запретувајќи ја главата во сламата и сеното, дишеше од миризбата и чувствуваше како го закрепнува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Избиле до работ од разгазената патека и тупкаат меѓу притемнетите бараки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На слепоочниците им избиваа остри зраци смеа и се ширеа кон врвот на ушите. Како лепези.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од ѕверската јама на општинскиот писра избиваше несносна пискотница на виолина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тогаш јас бев како вулкан. Силата избиваше длабоко од мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Можеби е тоа жедта кон промената. Онаа иста жед со која жителите на Градот на постојаната есен го исчекуваат избивањето на лисјата, иако лисјето се раѓа жолто.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Мајка му, исто така сериозна и уште повеќе надмена, која како невеста си ја донела секогаш заклучената касела (од која кога ќе ѝ се подигнеше капакот избиваше еден стар и тежок здив на нафталин) и по сите килими во куќата не оставаше да се стапне со чевол, ами со чисти чорапи на измиени нозе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Отаде, на фронтот пред нив, каде што татнеа топовите, хоризонтот беше затемнет од некои думани во кои по секој пукот од земјата никнуваше ново темничиште. Наместа од земјата избиваше оган.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На Мусли бег и пазувите и папокот му се наполнија со пот; грашки пот му избија на челото, на лицето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во бутинот избиј го маслото, исчисти ја куќата, смети го дворот, испечи го лебот и потоа дојди.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе