избрза (св.)
Властите не сакаа по никоја цена да избрзаат со акцијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И во таа брзина и мојот живот некако избрза, се истрга и еве ме уште жива.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не смее да избрза... не смее да направи било што со кое ќе го иритира.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Затоа и ми се стори невкусно кога токму овде Катерина избрза три-четири чекори пред мене за да ја изведе онаа заводлива игра со колковите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Некој како да ѝ наредуваше да се вљубува; како да ја советуваше да избрзува со своите заклучоци; како да ја насрчуваше да го каже и она кое што друг ќе најде за потребно и да го премолчи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Оставаше впечаток на циник кој размислува плитко, но кој не избрзува со своите решенија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Избрзале од страв да не им се сожали за човекот. Да не им избега.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
За да ја сфатиме треба да го имаме предвид нејзиното сознание дека со смртта треба да се однесуваме како и со животот: да не се избрзува со решенијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Имаа на себе дебели ќуркови, поставени одвнатре со кожа, снежинките се стопуваа уште веднаш штом ќе слетаа на нив, а Змејко го префрли пораменици својот забан и избрза да им разгази малку напред.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јасно им се велеше дека „јужната република“ никако не се вклопува во големите планови, или ќе избрза или ќе задоцни во основните стратешки определби.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Секогаш сакаше да избрза напред и дури кога ќе се оддалечеше од оние двајца назад можеше да биде задоволен што е сам во таа неразгазена белина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кампањата за надомест пропадна наеднаш и без валидно образложение, и божиците на плодноста, коишто избрзаа на оваа основа, останаа беспомошни пред гладната натална принова, колнејќи ги празните ветувања.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Во целата таа мака, блед, испрекинат зрак му се плеткаше во душата: што не избрза и не испрати абер во Ресен: „Барем татко ми да не црвенее пред овие...“
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој требаше да го задушува гласот на срцето и да се совладува за да не избрза устата да го каже зборот, вистинскиот збор, што му кипеше во градите...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Не треба никогаш да се избрзува, деновите во мислењето треба да се сметаат за недели, неделите за месеци, месеците за години, годините за векови.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но да го послушам уште и да не избрзувам со заклучоците.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Есента изневери, избрза со студот. Во собата нема ќумбе.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тогаш почна самиот да се обвинува. Не требаше да избрза со писмото што ѝ го напиша... И со картата за пат...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
А кога постариот брат влегуваше во политиката, главен советник, амортизер на неговите занеси, радикални замисли, засилени реакции, избрзувања, илузии, беше татко ми...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)