избувне (св.)
Дотогаш онака, повеќе молчалив, отколку зборлив, сега избувнал и ништо не можело да го замолчи.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Сите се свртеа да видат и одеднаш избувна громко смеење.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од рерната избувна густ чад и ја исполни кујната.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Низ вратата и прозорците од црквата избуваше чад од свеќите и темјанот и миризбата се ширеше низ целиот манастир како да слегуваше од небото, од бога.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А второ, науката сѐ уште е немоќна да претскажува и за тоа стручњаците се претпазливи: никогаш со сигурност не тврдат дали ќе избувне или нема да избувне, зашто низ историјата се правеле многу грешки; за оние вулкани за кои тврделе дека нема да избувнат - избувнале и уништиле многу луѓе...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Да јавиме ако некаде избувне пожар, да јавиме ако се случила сообраќајна несреќа. Но како да јавиме?
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Порано Петко немаше којзнае каква печалба, но откога избувна Втората светска војна, работичката му тргна многу напред. Особено откога дојдоа Италијанците и Германците.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Само еден понемирен бран на возбуденоста и тој ќе избувне искрен и слободен и ќе го урне во бездната она за што е дојден и што вака пристрасно го носи во себеси.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Во мојот стан избувнал пожар! - им рече татко му на службениците во одборот и истрча надвор...
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Започна и Тане да се поднапива, но често ќе претераше, ќе се напиеше преку мера и добиваше некој кураж, некоја сила, се качуваше на брегот одејќи и на раце и на нозе, доаѓаше кај дувалото, ги отпетлуваше панталоните и се мочаше кон него, викајќи: - Ајде избувни сега, мајчето твое!
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Секој момент тие очекуваат да избувне нешто, да грмне строгиот глас на учителот.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Ах, оживеа вулканот! викаат, се тресат. Влегуваат во куќите, и пак излегуваат; место не ги држи; не знаат што да направат: да бегаат или да чекаат; ќе избувне ли лава или нема да избувне.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Се мачи да се задржи, но не може, смевот избувнува експлозивно. Се искашлува силно да го прекине.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Се случува, таа, постојано потиснувана, таа клета самота да избувне во вид на силна болка, со силен крик кој ја содржи сета тишина на премолчувањата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Некој шегаџија пушти смешка. Избувна смеа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- А ти си ајдук. Крадеш од мајсторот слатки и ги продаваш за цигари, избувнав ненадејно.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Попот докажуваше дека коските и металот не горат. уште пред тоа да избувне огнот, Антун Крстин му свртил грб на селото и се вратил од кај што дошол, негде кај што овдешните луѓе нашле ново Кукулино во кое со грч под ребрата ќе тагуваат по својата земја.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но наеднаш сонот му се зби. Му се затресе куќата како земјотрес да му ја сниша, како вулкан да избувна под неа или како да го накрена некој езерото на една страна и сета вода му се истури на куќата со силен тресок.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ја фрли едната рачна граната и во мигот кога сакаше да ја фрли втората, пред него избувна црнина, го облеа топол воздух, во ушите заѕвонија стотици ѕвона.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тие, по сила на условите, се трансформираа во латентна сила готова да избувне кога за тоа ќе се укаже првата можност.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)