издолжи (св.)
Премногу се издолжи оваа ноќ, втаса да забележи.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но денот се издолжи, јас, берејќи дрва се изморив и прегладнев, а немав што да каснам.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Во град сум гледал жени - издолжени како жерави, чиниш сега ќе влезе во вода и ќе остане со издолжена шија.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Часот се издолжи. Барем во лекцијата да имаше нешто во врска со куче.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Но почеста спрема новиот член ја спречи Васе: - Гледајте! - свика издолжувајќи ја раката кон брегот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Газијарничето лежеше пред него и му ја издолжуваше сенката дури до нашите нозе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се исправам и можам да видам дека свеќите раснат, се издолжуваат косо и ги обогатуваат драпериите со пламен.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се смурти прво, облак ги надви нејзините густи чатма веѓи, носот ѝ се издолжи уште толку.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во некаква мртовечки зелена светлина што му лежела од другата страна на очите гледал танконог белец со проѕирна кожа како удира со копита крај гол куп месо на својот господар, потоа со нечујни скокови доаѓа до јама на чии запалени гранки догорува облеката на неговиот јавач, ја крева муцката кон небото и пишти со детски глас; под гранките догорува мртовецот и никој не ќе знае кога ќе му ја најде черупката дека жилата на челото била сечена - нејасна вина, ништо повеќе, грч на душата што се јавнувал само ноќе; гори мртвиот Дмитар-Пејко, коњот ја издолжува уште повеќе танката шија, копнее по сребрената 'рж на небото или му се моли на некој коњски бог да му ги исцери раните од селанските секири и колови; на жилава гранка зад карпите под кои пред тоа била дружината се мавтаат на ветар скинати узди.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Очите му светнаа. Се издолжи и се доближи до прозорецот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Носот му се издолжи уште толку, очите му пропаднаа, небаре во кула без пенџериња.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој тип пред тоа одеше по мене од кафез во кафез, павијански им се клештеше на азиските мајмуни со запалени задници, се згрбуваше пред тромавите камили со измитарените вратови, ја издолжуваше шијата и се обидуваше нешто да им шепне на жирафите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Светилките им ги издолжуваат лицата, им ги длабат очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сонцето веќе паѓаше над брестовата шумичка. Сенките се издолжија.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Подзастана малку. Ја завлече едната рака длабоко во џеб и чудно ја издолжи главата; можеше да ме клукне.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тие би продолжиле уште да редат, како кукавици на мртвен, ама Фоте, а по него Боге, ги покажуваат рибите држејќи ги за опаш, така што тие вака издолжени навистина се чинат големи како машки подлактици.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сенките се издолжуваа; пред ноќта небото неочекувано побелуваше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ја издолжи шијата и бесно, со закана залаја.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ја издолжи шијата и бесно, со закана залаја.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој тип пред тоа одеше по мене од кафез до кафез, павијански им се клештеше на азиските мајмуни со запалени задници, се згрбуваше пред тромавите камили со измитарени вратови, ја издолжуваше шијата и се обидуваше нешто да им шепне на жирафите.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)