излее (св.)
Кој каде се наоѓаше бараше камења да се нафрли на бунтовниците и со тоа да си го излее јадот над овие непокорни ѓаури.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Средбава во вагонот, а потоа и моето присуство веројатно ѝ се чинеле и премногу податлива околност за излевање на некоја нејасна завист а можеби и на горчина во која не бев упатен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Рекичката со мирен тек не влеала страв кај граѓаните од излевање и предизвикување непредвидени последици.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тие бараа уво во кое ќе ги излеат своите маки за олеснување на душата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Парчиња од дотраените ќунци висеа на неколку места под стреата така што од водата што кога врнеше се излеваше по фасадата малтерот беше испопаѓан.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Мастиката му се излева од раката, пепелта од цигарата паѓа на сите страни а од устата му излетуваат колку зборови уште повеќе плунки.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„'Рѓо 'рѓосана, Досто! Си видела сомун, па сакаш погача. Не ти е доста чупе, па требело и дете. Море, дертот ќе го вате ошче еднаш јас кога ќе стенкам долни крај, душата да ми излева!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На нив да си ја излее сета омраза и со тоа да му олесни на душата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Од ридовите слегуваат стада излеани од звуци. Во нив треперат летните мириси на горите.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Џинот се смее Никогаш не дружел со толку откачен затвореник Ние сме играчки на релативноста, вели тој со епилептични гестови Инструменти за реализација на сложени композиции Од кои прска умот а облаците воздивнуваат Гледам како растат отровни насади во неговата утроба (На моменти кожата на Џинот станува проѕирна Дури и розовомлечна, како кај Аксолотлот На Кортасар или како статуите на Буда излеани од Кинески проѕирен порцелан).
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Излегов од возот и тргнав надвор во оној амбиент што го имаат станичните квартови.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Желбите, честитките, специјалните пораки, не смеат да не дојдат до оние на кои им се испорачувани, пред да се излеат од животворните сокови и благослови на волшебникот од невидливиот остров што плови.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Надвор беше веќе арно смрачено. Низ џамлак слабата светлина се излеваше на улица и водата в бразда светкаше.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ни се излева зашеќерената вода од устите, ни се лепат прстите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Анте Поповски во „Две тишини“ ги цеди од себе токму оние капки што ѝ недостасуваат на реката да се излее, токму оние капки кои се исушиле во мислата пред да се прелеат во зборот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Отпи малку, му се стресе раката или устата, и останатото од чашата се излеа на земјата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дечињата беа пресреќни. Нивната радост се излеваше преку гласната смеа.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Тој мораше да ги излее низ стихови и мелодија, и да ја разнесе по целата земја славата на неговите партизани кои што „го дочуваа црвено знаме!“
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Леските се стресоа, исто како на тоа место да се разбуди некој одамна изгаснат вулкан, снегот се разлета на сите страни, а оттаму уште во истиот миг се подаде огромното црно клопче на телото на оној негов прекрасен, како излеан од некој црн метал настрхнат самјак, чиктисан уште со својот прв скок, со кој што излета од леските, право кон него, право кон чамовото стебло крај него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Излеговме од дома испратени од потсмешливиот поглед на мојата мајка. Молчевме сѐ до неговиот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)