излишно (прил.)
Македонија ја признаваат за бугарска во етнографски однос, но мислат дека е излишно да си ги трошат силите за да научат нешто за таа земја, затоа ништо не знаат за неа ни од историјата ни од географијата и етнографијата нејзина, освен дека има таму чети и востание, на коешто треба да му се помогне само со лотарии и не со самите себе.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Излишно беше да стане и да ја кара глувата баба, затоа што таа почнуваше да плаче и да се жали како тој е неблагодарен, како таа го израснала, пелените му ги перела, млеко му греела во ниедно време, работела и дење и ноќе само за тој да стигне до комфорот во кој е сега, само за да има нешто да му остави, барем едно станче за кое нема потреба да печали со толкави маки како што печалеле таа и татко му.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
И онака никогаш не му обраќаше внимание на телото, мислеше излишно е.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ние своето одамна го завршивме. И замолкнаа. Секакво зборување беше излишно.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- И сега? Го постави тоа прашање несвесно и излишно, зашто веќе му го знаеше одговорот, но сепак толку гласно што го слушна и Горда.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)