изменет прид.

изменет (прид.)

Одвај го распозна чуварот. Неговата фигура ја виде чудно изменета во трепкавата светлина од фенерот што му се лулаше во раката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уште повеќе, Бароуз тврди дека психоделичното доживување не е минливо искуство на измената состојба на свеста и дека бројни доживувања можат да се повикаат во сеќавањето многу подоцна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бев изменет, изобличен од навредата и срамот од кои не можев да се спасам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Или побуната е повеќе на подрачјето на изменетиот сензибилитет, против еден воспоставен и признат пејсаж што веќе нема одгласи.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Навистина сѐ беше изменето од алхемијата на тоа нешто што беше се случило во него. Тоа објаснуваше сѐ.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
XLVI Кога започнаа да трагаат по опасните турцизми во балканските јазици кои во толковните и другите речници носеа најчесто ознаки дека се зборови историзми, кои главно си го завршиле своето значење, Татко и Климент Камилски не можеа воопшто да си претпостават, по нивните сестрани потраги, колку продолжуваше мистериозното присуство на овие поими, со незавршено, изменето и разгрането значење во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разонодував во изменетата опстановка и сега повторно на светот гледав од погорно скалило.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа, со истата чујност и одолжување, таа се предава на својот телефонски разговор, односно монолог, со израз наеднаш изменет од рамнодушен кон заинтригиран, наполно бришејќи ги патниците од својот видокруг.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој го баци олтарот, крена раце кон небесните сили, запеа со изменет глас на верник.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Очигледно дека уште мудриот Сократ насетил дека творештвото е тешко доловлива дејност на мозокот и често акт на изменета состојба на свест.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Животот на Рада беше целосно изменет, поразителните резултати во врска со високиот шеќер ја натераа лебот да го мери на грамови, а до слатките да не припари ниту на сон. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Гласот им е изменет, зборот плачлив, речиси натежнат од солзи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гадна уста на гадна глава. Изменет е. За ништо непотеглив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се изумува дека точно тој фактор ја спречува високоселективната цензура на кортикалните центри, дека се појавуваат пореметувања на перцептивините настани, дека е тоа изменета свест на личноста дека е тоа негова деперсонализација и да се потсетиме само на кажувањата на Бодлер, Олдос Хаксли, Анри Мишо, да се потсетиме на Рембо, Аполинер, Горки.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
По многуте изменети српски чиновници, во 1934 година за шеф на станицата дојде Неделко Акиноски и остана тука сѐ до 1944, кога фашистите, не знаејќи многу за него, дека е организиран, како доверливо лице го преместија да биде шеф на станицата во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Ти реков, тргај ми се од очи“, со изменет глас ме помоли и јас знаев дека е пак оној вчерашниот Онисифор Мечкојад што не простува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имено, кај нас постојат недозволиви случаи на секоегодишно, па дури и полугодишно или квартално, менување на носечките закони кои треба да се „столбови“ на оваа мошне сензитивна егзистенцијална област, и тоа по неколку пати; а, од друга страна, не тече паралелен процес на редигирање и изготвување на официјални пречистени законски текстови на законите кои се рогирани [изменети и/или дополнети] и по повеќе од десетина- петнаесет пати!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, пределот наоколу е изменет – од мајчината лева страна е правилна редица тополи, како дел од педантно уредена алеја, од десната татковата страна, се расфрлани дрвја и грмушки меѓу густата, висока трева, а во неа, полегнати без ред, испокршени фигури, обезглавени актови без екстремитети, како по битка на гладијатори.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Времето од нешто повеќе од еден век, го направило своето - изменета површина на земјата, во еден период засадено лозје, потоа и лозјето напуштено и исушено. Околината, исто така.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И, ако фактите велат поинаку, тогаш фактите мора да бидат изменети.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе