изоди св.

изоди (св.)

Не ќе стаса да ја изоди оваа пустош.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пред се тоа Силјан си патувал со голема надеж да најде некоја трага и до кај пладне го изодил угорното, та се качил на планината и кога се опулил натамо, видел едно поленце опколено со планинки и ридови, прилично како Прилепското.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не ќе се изоди сал нема да го изодиме немиот говор на зелениката нашиот шумен разговор.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ќе изодиме еден ходник и ќе свирнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Налактени и со брадите втиснати во вкрстените дланки, замислени скитаат и дали сега, совладани со молкот, одново во мислите ги обновуваат изодените патеки, дали го одмотуваат клопчето на својата младост одмината во времето – невреме што се истркала низ големата удолница на чие дно се разбија и запустија големите надежи?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тешко поминуваа тие два дена. Пустина што не може да се изоди.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А Рада кршејќи го своето тело како зелена елка на ветрот ги кршеше срцата на сите во училиштето, но и на оние кои го беа изодиле тој пат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зборот, само игра на случајноста или трагач по загубениот поларен свет: помеѓу јатата ситни птици на островот на смрзнатите водопади, со патишта што треба да се изодат пред да станат проодни А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, раскрилен бран што срчено ќе го крепи Ноевиот ковчег во водите без граници Или само фрлен зрак врз твоето мрачно лице што не знае каде спие, кај се буди, А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, потоната надеж и измолкнат крик од молчеливите води.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Остворување на целта зар може да е само Изодување на долгиот пат на копнежот?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тоа тркало личи повеќе на она од колите кое, така вртејќи се, изодува толку кругови колку што изнесува неговото врталиште....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
За да можеш да најдеш една таква дира веднаш првата утрина по превртувањето на снегот, многу често треба да изодиш безброј шуми.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го изодуваме камениот мост. Тато, го замислувам во неговите педесетти, побелен, но неначнат од болеста, благо го засилува стисокот на дланката.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Откако изодев малку по патот, се погледнав и видов дека тие делови од опинците што требаа да бидат оздола, се свртеле опаку, а бидејќи отпрвин се движевме по тревата која беше искосена, немав многу шанси да задремам зашто боцкаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Лежев во средина на собата, од лево до мене Јуле, десно Ана, која беше подвижна, односно ѝ беше дозволено да потстане и да изоди два чекора до прозорецот и назад.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И по ѕид, по ѕид, изодив два ходника, ја најдов собата од родилките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога на мајка му (која сѐ поосамена, поизгубена исчезнуваше меѓу фотографиите, мебелот) ѝ соопшти дека долниот кат од куќата ќе го преуреди во Гостилница, веќе одамна го имаше изодено својот пат.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Бевме многу изморени, изодивме голем снег а бевме многу гладни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Вистинските домаќинки ваквите чевли ги носат в раце додека да ја изодат угорницата и калдрмата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За означување опозиција или сооднос: црно : бело, носи : износи, оди : изоди, избра : бере : избира : избор.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Утврдувањето на кривичната одговорност на сопственикот на фирмата,7 која треба по службена должност да ја утврди полицијата и јавниот обвинител, беше исто така трнлив пат кој го изодеа Јакшиќ и неговиот новоангажиран адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе