императивен (прид.)
Ваквото алтернативно толкување на когентни (ius cogens) и императивни норми со останатите законски субординирани прописи е класичен пример за противуставност и авторите на оваа студија сериозно размислуваат да го искористат своето уставно загарантирано право и поднесат претставка до Уставниот суд на РМ, како споменатите норми во иднина би можеле да биде касирани.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Пастор Рик беше вознемирен поради исповедските очекувања со кои се соочуваше, посебно тие во врска со, како што Рик му објасни на Дејв, неговата неконформистичка наклоност кон индикативниот госпел наспроти императивниот, кон добрите наравоученија наспроти моралните норми. Маргина 34 95
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Симптоматична, и се чини противуставна, е категоричната и императивна одредба, којашто вели дека „против решението не е дозволена жалба“ (чл. 35, ЗМРРС). 14 Решението е правосилно и извршно со денот на доставувањето на страните во спорот – а ако во него е утврдено дека дејствието, кое е предмет на извршување, може да се изврши во оставениот рок, тоа станува извршно со истекот на тој рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)