индивидуален прид.

индивидуален (прид.)

Во мошне значајниот и во повеќе насоки инструктивен есеј „Еден опит“ со трите поднаслови... „за традицијата и иновациите“, „за откривањето на песната“ и „иднината на поезијата“, Блаже Конески ја сподвижи теоретската размисла за посебностите на индивидуалниот творечки опит кај нас, што може да биде од посебно значење и не само за македонската литературна историографија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Вербата на гемиџиите дека со индивидуални оружени акции ќе ја принудат Европа да интервенира во прилог на ослободителното дело била крајно нереална.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Татко го замислувал својот пријател како во првиот повоен пролетерски универзитет можел да предава за универзалноста на индивидуализмот кога тој овде се задушуваше на секој чекор од насилната колективизација на селаните до задушување на индивидуалната иницијатива на приватните занаетчии!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се работи за еден интерактивен процес, кој влијае врз колективната и индивидуалната свест на луѓето кои, иако не се во состојба сами да создаваат културни институции, учествуваат во нив испраќајќи пораки и симболи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Г-ѓо, ние не работиме на тој принцип, поточно вака да ви образложам, ако дозволувате, ние не сме во можност да одвојуваме средства за спонзорство на индивидуални лица.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не е затоа што не сакаме, ние едноставно немаме таков принцип на работа, немаме фондови со финансии кои би биле планирани во буџетот од оваа година и би се однесувале на реализирање помош на индивидуални лица.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Оваа анализа на моќта на многумина ќе им биде тешка за прифаќање, поради сугестијата дека многу од аспектите на нашите индивидуални начини на однесување за кои тврдиме дека се израз на нашата слободна волја, или за кои тврдиме дека се против наметнатите начини на однесување, не се она што на прв поглед се чини.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На Караман Атанас му се придружуваат уште неколку машки играчи следејќи ја индивидуалната игра негова.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Фрегеовската идеја може да се изложи на следниот начин: со цел смислата на изразите да им биде јавно достапна на сите говорници на јазикот, тие мораат да бидат определени, и според тоа, не можат да се состојат во она што индивидуалните говорници субјективно го подразбираат под нив.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На Германците Ренан им замеруваше дека сакаат да се затворат во својата нација на сметка на индивидуалното право и по цена на разбивање на човештвото во хетерогени фрагменти.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Целта на вежбата: да им се даде индивидуален начин на говор на двата карактера и да се создаде замрсен дијалог врз основа на чувствата кои не се директно изразени.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но во тој момент општото очајание се разби во мноштво од индивидуални кавги.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, ние сме свесни за важноста на нашите индивидуални мозочни ресурси.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Со својот живот и дело ќе ја покаже и докаже тезата за повеќекратноста на идентитетот на индивидуален и колективен план, за меѓузависноста на идентитетските компоненти во нивното хармонично дејствување, како неодминлива вредности и победоносна противтежа на националистичките погубни пориви. Надежта постои...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако себе си се признаеме како функција од сите други луѓе а сите други како функции од нас тогаш „одговорноста“ ќе мора да ја заземе местоположбата што сега ја зазема „индивидуалната слобода“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Јазикот не е возило што ги разнесува комуникациите напред-назад меѓу индивидуалните умови; тој е координација на физичките околности меѓу членовите на една социјална група, што го задржува структуралниот интегритет и на социјалната група и на индивидуалните членови на таа група.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во своите кристално едноставни и директни поетски повици, во чудесната синтеза меѓу индивидуалната поетска судбина и колективната палестинска меморија, во своето пеење Махмуд Дарвиш супериорно се надоврзува на големите медитерански митови, како и на арапските од предисламската епоха.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најголем дел од барањата, навистина беа за индивидуални права.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Според оваа концепција, подготовката го покрива времето во кое проблемот се скицира и времето во кое се вложуваат индивидуални напори да се откријат и одберат најразвиените вештини и знаења, неопходни за негово решавање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Примарната функција на слободното општество во постдемократската ера е заштита на индивидуалната слобода од политичарите кои се обидуваат да ја ограничат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе