интимен (прид.)
Зборовите го заземаат обликот на душата и го исполнуваат интимниот круг на мислите.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Разбери ме
не можам повеќе
да те создавам
да те лекувам
со поштенски марки
нема повеќе
да патуваш
сакам
да верувам
молци
ги јадат
адресите
во мене
интимно
се топат
некои санти
и паѓа
горчлива
сенката
на времето
кога се кастрат
лозите
и поривите
а билјето
развива
бујно
како грев.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Патниците што се качуваа на станицата кога ќе ја видеа низ вратата од купето каде што се шминка, не влегуваа во купето иако имаше слободно место за да не внесат со своето присуство пореметување во интимноста создадена меѓу машко и женско.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Објава
повеќе драми се случуваат
во мигот на обраќање
зборовите ги одгледавте
но срцето
неприпитомливо
интимно
тера по свое
граѓани
час е кога мораме
да погледнеме
во мисловните спреги
од нив зависи
тежината на зборот
климата на подрачјето на душата
обновата на смислата
младоста
граѓани
час е да се свртиме
еден спроти друг
со силата на љубовта
во име на огнот
допуштам да се размножува
симболиката
на Дрвото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Оваа есенска магла е лицето на смртта густо од едно имитирано лепило густо од еден одвратен шепот што сака да е интимност густо од еден поглед преполн со излигавен мов Таа маска на смртта ги заканува гранките осамотени на кејот.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Е тука според интимното размислување на секретарот, се зачнала грешката која повеќе никој не можел да ја исправи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во спомнатите „Комитски ливчиња“ посебно се инсистира на нејзината кооперативност и спремност да ги споделува со Студентот и своите интимни дилеми.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Зар не Ви паѓа в очи дека посетите на таа жена паѓаат токму во моменти кога Вие имате средби од - интимен карактер?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ноќта е црна постава на денот што се превртува како маскарада Таа е темната утроба на гласот што низ сите ѕвезди везе молчење Најмногу ги сака постелите кревки сред шумниот мирис на боровите Интимна е тогаш и гола како страст што низ смеа мами вечна тишина Па ако тлее нешто живо во неа ќе пеам што мртво не е уште сѐ
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Па велам: во себе пеј штом дојде топла како река со мирни брегови со месецот што шепоти во пристанот на мислите И не викај и што е твојот глас штом ноќта интимно те грее: молчи молчи
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Од тогаш па натаму разговорот течеше глатко, а на моменти стануваше и интимен.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ставаат пред мене чаша рум, стариот ме тапка по рамото, предавањето на тоа богатство ја оправдува интимноста присутна овде.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Моите господари и самите ми укажуваа (се правдав пред тој Никола Леко) дека не ги интересираат моите интимни размислувања; дека од мене не бараат никакви предавства, дури ни самоинцијативи.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Дефинирана рамнотежа меѓу реалноста, наизменично бранување на интимноста без рамнодушност кон постоењето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
О
ти располагаш со бол
во тебе се прекршува колективот
и други показатели
О
во тебе се креваат револуции
граѓански војни
и љубов - збирна множина
О
во тебе паѓаат снегови
снегови
О
во тебе тапани
нерви и
булки од секакво потекло
О
во тебе се Тие
О
во тебе отпадоци
остатоци
недостатоци
вертикали и
разновидни
интимни
чувства
О
ти си едно минато
неопределено време
О
можеби си човек.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Интимноста на дигитално ниво ја програмира и збогатува размената на потоплите нивоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Множество од еротски детали меѓу него и Рози му се појавуваа во имагинацијата - интимности кои за него имаа значење и квалитет на побожни тајни.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Сите, најмногу го почитувавме Борис Сарафов за оној гест што тој го стори пред конгресот на Врховниот комитет, кога му побараа отчет и тој не можеше да даде таков за сумата дадена на гемиџиите и, за да не пропадне делото ако тој ја каже вистината и неа ја разбере турската влада, Борис Сарафов го понижи своето достоинство и авторитет и изјави: „Таа сума ми беше дигната од една лесна жена, со која имав интимни врски“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Знаев да ја оставам големата самотија да комуницира како ниедно суштество, разјаснувајќи заплеткани загатки од својата интимност.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)