интригант (м.)
И вистина, одвај ли има нешто поарно од ваквото свршување на македонската криза: за народот тоа е арно, бидејќи ќе се ослободи и од интригантите од разни народности и ќе се откаже од разни поддупувања што го одвлекуваат од неговите мирни работи: црквата ќе го помири неоснованото непријателство меѓу разните народности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тоа не е случајно, некој нешто сака, едно да се шпиунираат сите мои чекори, друго да се води интригантаната игра зад кулисите која изгледа во моето окружување никогаш нема да излезе од мода.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Беше интригантно мистериозна и водеше делумно интимни дијалози.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Овие самонаречени ‘чувари’ на словото, а не на духот на законот, работејќи во една системски корумпирана атмосфера, така дрско и безобразно, застанаа зад парчето интриганство – кое се состои во тврдењето дека меѓу работодавачот и работникот постои божемна ‘слобода на договарање’.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Неизоставен дел од процедурата беа неговите интригантни пораки. Сакал пак да се видиме.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Најновата книга на Дерида со интригантен наслов Духовите на Маркс всушност претставува проширена верзија на две подолги предавања што авторот ги одржа пролетта во Риверсајд, на колоквиумот под наслов „Каде оди марксизмот?“. Margina #2 [1994] | okno.mk 1993.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)