ирис (м.)
Можеше да ја види целата белка околу ирисот во очите на Џулија. Нејзиното лице стана млечно жолто.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
3. Над себе набедена спев сум
векот лета непознато те сонев
туѓина спечалив жив да те најдам
- оти твојот ирис на мене мирисал.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Не смеат твоите зелени ириси да погледнат во реалноста.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Можам да останам заглавена нијанса во твоите ириси, темна сенка на емоција исчезната од спектарот.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Дека Ирис ќе биде љубовта на неговиот живот, Р знаеше уште во прво одделение, кога ѝ го крена фустанчето за да види од каде ѝ растат нозете.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Да разговараме значи да го продолжиме
ризикот на ирисот осуден на присност
и кога се протега по туѓи страни.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Очите ми се две влажни модринки на лицето, твоите ириси модри сливи; Палиш темјан, нане и босилек, и без мирисот што куди знам- ти си ми злиот дух; Сонував како ми се откорнаа трепките и се створија врски како долго кораво влакно, јамка на вратот; Се гушев Маја, таму во сонот ми;
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)