иронизира (св. и несв.)
Моќта која не може да се иронизира себеси останува зло.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ами сега колку лажовни ќе излезат тие уверувања и на македонските комитети и на Бугарија, ако и едните и другите, од пасивен однос кон едно ново течење што бара „Македонија за Македонците”, а не за Бугарите, или од иронизирање со него, стапат во борба со него?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Башевски, меѓутоа, оди и натаму, така што античкиот мит за наследениот грев го комбинира со иронизирањето на идејата која во текот на југословенските војни беше поттикната од политичкиот концепт според кој традицијата, историјата и потеклото, се клучните компоненти без кои, наводно, не е можно да се доврши личната, ниту националната индивидуација.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
За да заработиш полковници, потребно е знаење“, иронизира Летка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)