искачи св.

искачи (св.)

Камионот веќе се искачува по превоите, преслопите, врти по свијоците, нѐ занесува на кривините.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Брзо се искачував по скалите до станот во кој живееше сестра ми со своето семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таткото на нацијата долго време живееше во својата палата во лажен сојуз со вечноста, меѓу животот кој беше подреден на неговото продолжување во смртта, далеку од верноста кон некаква трансцендентна илузија, туку повеќе свртена кон последните трошки од животот, како да ја доврши својата фараонска пирамида, искачен на нејзиниот врв.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зашто ова попладне има прсти од блискост од свое в месо да ти се вовлече капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си. И не стој се искачи рекава го мина брегов ќе плисне врз тебе ти трчај да не те стигне сево попладне зад себе што го оставаш дур не го изгасне. Трчај гори попладнево.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Како извор како глечер што под карпата се буди Искачен на лесни нозе а со копита од кремен Облак пенлив што го знае секој камен секој срт А по дното на поилото само еднаш кај ќе згазне растат млади месечини.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Партискиот секретар на градот и градоначалникот се искачија на парадната бина за да се сретнат со водачите на козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И слушаме дека на Пелистер врне снег и дека од снегот не можат да го искачат топот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со векови човекот ја гледал Месечината и горел од желба да се искачи до неа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тогаш видов до кај се искачило сонцето и од која страна ме грее.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нивната цврста прегратка како да покажуваше и зачеток на уште нешто... Со својата камера младата новинарка го следеше искачувањето кон врвот и на другите учесници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој се искачи горе по долгите, студени скалила до мансардата, тресејќи се.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога ќе се искачиш по тие скали има мала врата која води до моето купатило и уште една врата за мојата соба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ама враќањето излегува на друго. Како да се искачувам по некои скали и скалите ме искачуваат повисоко од земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се искачивме на една падинка во прнарот под шумата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И после пак ќе почне да се искачува и од златна лажица ќе срка, беше ми ти рекол.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние се искачивме на горната ледина над зимниците Јанески за да му кажеме на стрико Симо за срната бидејќи се исплашивме дека може да ја испушти и таа потплашена да му избега и да удри право во Турците ловџии.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Паметам, јас и моите врсници бевме уште деца кога истиот тој Бунде нѐ искачи во високата кула среде градот со единствена цел да не фрапира вадејќи ја од панталоните назрејаната скапоценост со глава на лисец.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги прејдува сите потоци и се искачува на небото и пак слегува над селото, на сретселото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Човекот без брада се искачи на своето седиште.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И пред мене оди полицаец и зад мене оди полицаец. Се искачуваме еден кат погоре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе