искинат прид.
искине св.

искинат (прид.)

Треската го влечеше во непознат мрак и му го сушеше грлото на чие дно лежеше неговата смеа искината на парчиња.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Можеа само да ми ја земат сликата и да ми ја остават со ископани очи, искината или издупчена со седум кома шеесет и пет или девет милиметри, да наведнат глава и да се изгубат од улицата во црна кола со скриен митралез. Ништо друго.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И сега, штом ги виде чорапите изгужвени, ѝ побара на Митра ножици и распара еден од чорапите до каде што беше искинат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Им ги шират искинатите крилја и плачат над нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, извесно е дека не му се искинати сите неврони.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кон мене лазеа нивните искинати шепоти и сплетки во чија горчина се насладуваа, му се враќаа на животот со врела крв, бабреа од внатрешна сила.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Облечен во бела припиена кошула која му ги оцртуваше набабрените мускули на градниот кош, некои фраерски фармерки со искинати џебови и патики по најнова мода.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ја слушав искинатата прикаска која не можев да ја поврзам со почеток што до денес го паметам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од тоа сликите се распарчија на ситни нејасни делови како искинато писмо развеано на осум страни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Надвор од градот на квечерината е нерешителна и збунета од искинатиот лет на црвеноглавите жолни со невозможно силен клун; сити се тие птици добротворки на дрвјата и без чувство се за голите козји черупки на литите страшила по нивите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А да беше старата питомина во мајкиниот поглед, таа сигурно благо ќе го прекореше оти костумот му е толку искинат и бербатосан.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Јас ѝ велам: ќе се здавам со кучињата и искината ќе им ја земам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На себе носеше стар волнен џамадан и бели искинати бечви, опточени со гајтани.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Свртуваат и рамномерно удираат строев чекор. Од под искинатите цокули пуфка прав.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Погледот му одеше по искинатите алишта на Митрета; го мереше од глава до петици.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Долу на улицата мали вители од ветер тркалаа прав и искината хартија во спирали и иако сонцето светеше, а небото беше јасно сино, изгледаше како во ништо да нема боја освен во постерите што беа излепени насекаде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Толе ги изгледа од пети до глава извалканите орачи, им ги виде испуканите усти од солта, пиперта и ветерот, им ги виде босите искрвавени нозе, голите изгорени раменици под искинатите кошули, козинавите црни градници и белите глави, полни со земја и му стана чудно од каде во тие робови насмевка?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но врз мене сѐ уште лежеше парче темница во која Круме Арсов се преобрази во жив факел што со искинати писоци се врти во круг, паѓа на коленици и пак станува, и трча кон ветар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од прозорецот од шпоретот, од шпоретот до прозорецот, од ручекот што врие во лонецот, до чорапите искинати и иглата со конецот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ќе затрепетеа чувствително искинатите акорди од нивната гитара и ќе се слееја со гласот на малиот певец.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе