искористи св.

искористи (св.)

А малце потоа и како да го наслушна неговото неизговорено додворување дека решението да живеат како што умеат а притоа и да го искористуваат најслаткото од животот е нивно и само нивно… а на оние горе, рамнодушно им ги отстапуваат грижите и вечната жед.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беа дојдени на работа уште пред сонце, тогаш никој не прашуваше за времето и за тоа колку си работел, за сите беше важно работата да се врши и да се искористи времето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Туѓинецот ќе ја искористи широкоградоста на небото ќе влезе низ подземни порти и со отров ќе нѐ попрска Scorpius-Ophiucus.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тоа значи дека сте на најдобар пат да ја искористите љубовната напивка и да станете јунаци на една голема љубов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Наместо таа да ламентира заради ова, јавната уметност може да ја искористи оваа маргинална позиција во своја предност:
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Требаше добро да се искористи и за свои цели, а најмногу за унапредување на републичката хиерархија на власта.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Германија настојувала да ја искористи предноста во наоружувањето.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Новаковиќ се трудеше да биде близок и до македонските национални дејци за да може да ги искористи за целите на српската политика и пропаганда, па се среќаваше и со Мисирков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако тие потребности на поданиците не се зачуваат и ако Турција продолжува да биде неискрена во прилагањето на реформите, тогаш од тоа ќе: настрада најмногу пак таа: 1/ таа ќе биде принудена со сила да воведе некои реформи, 2/ ако и потоа населението не биде оградено во национално-религиозен и економски однос, тогаш тоа ќе го искористат непријателите на Турција да направат брканица во Македонија за да ловат риба во матна вода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Е, тогаш, родот Кочов видел дека може да ја искористи ситуацијата и нешто да стори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И тоа што учел им дојде згодно на пријателите на Борко да го искористат и да можат да кажат Симон да биде чувар. Земаше редовна плата за тоа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во скицата за паркот, освен нови - кедри, туи и елки - ги вклопив старите околни дрвја, оние што можеа да се одберат и да се искористат, како и сегашната жива ограда од кленики скраја подолу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Меѓутоа, итрите производители искористиле еден момент за голем пропаганден ефект, кој и до денес ја разнесува славата на оваа колонска вода низ цел свет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Само, овде ќе мора како предлошка да биде некој женски сон, па ќе искористиме еден што го сонувала мојата полусестра.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со воведувањето на оваа обврска на директорот на училиштето, сериозно се нарушува правото на штрајк на вработените во основното и средното образование, бидејќи тоа ги одвраќа вработените да го искористат своето право на штрајк поради страв дека ќе го изгубат работното место, а исто така преку оваа одредба сериозно се доведува во прашање ефективноста на штрајкот како мерка која им стои на располагање на вработените за заштита на своите права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Предизвикот ја помамува да се движи кон искористување на неискористениот дел на мозокот – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Оној кој е подбркан од судбината, независно од тоа кој пат ќе го искористи за да исчезне, не може да се ослободи од прогонувачот, постојано ќе го чувствува неговиот здив на вратот, дури и тогаш кога тој прогон ќе го прогласи и за проклетство што којзнае како му се присламчило па во чекор го следи, барем така го чувствува лично тој иако знае дека помеѓу него и прогонувачот се протега добар дел од пуста и неосветлена улица.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Фатил пријателство со мулазимот од кашлата, со ќатипот од конакот, та дури и со стариот Мудур Арслан — беј; и зошто овие ќе го искористат овој млад човек ако не за кодошлак кај мариовките?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога би постоеле можности за искористување на ваквите состојби кај човекот, љубовните вредности на Јана веројатно ќе можеа да покренат и турбини и машини. - и Зрновски се засмеа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ваквото алтернативно толкување на когентни (ius cogens) и императивни норми со останатите законски субординирани прописи е класичен пример за противуставност и авторите на оваа студија сериозно размислуваат да го искористат своето уставно загарантирано право и поднесат претставка до Уставниот суд на РМ, како споменатите норми во иднина би можеле да биде касирани.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Повеќе