искрпен (прид.)
На нив висеа искрпени кошули, чорапи и детски пелени.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тој ја сврте главата и се зачуди кога го виде до себеси испиениот дајреџија со искрпено старо џубе и маслосана, од обична овча кожа сошиена капа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Облечен во туѓо искрпено палто тој изгледаше и постар и поголем од другите деца.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Си рече дека е тоа поради широчината на бечвите и дебелината на искрпениот шајак.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
И Пенчо се смири пуштајќи ја да го држи со едната рака за мишката а со другата за црвената искрпена кошула.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)