исплете (св.)
Без каење тргнувам во потрага на неограничени прекрасни можности за живеење, исплетено со бои и мириси, како сонувач, талкач, скитник, живот без пауза, зошто секое погрешно застанување би било крај.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
На столпчето од балконот исплетен е ползавец што сега живнува на сонцето.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Земи ја розата, Цветот како исплетена боја - издлабена во здивот и плачот на дождот како висока градина - - изговорена на врвот од ѕвоното како последниот сон на ангелот воден по бездната на утрото.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Овој арапски прдеж не би можел ниту чорапи да исплете, а камоли да ме натера да се заљубам во џуџе!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Душата - птица, лета, Отклучете ѝ, отворете ѝ, Нека одлета Небото да го надлета И на него да слета, Со песната изустена Од мојата уста Од зраци исплетена.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Под изговор дека се чувате од луѓето на Ѓорчета, вие ќе треба да исплетете околу местото на атентатот таков лавиринт, што тој никогаш да не биде во состојба да се извлече од него без наша поддршка и помош.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Мракот исплете околу неговата неизвесност темна јамка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тука и на орото на сретсело треба да се покаже мајсторлакот и трудот од цела една година: која девојка навезала поубава кошула, искала поубав прегач, саѓија или исплела поубави чорапи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Гледаше како во неговите полузатворени очи се исплетуваат од светлината безбројните игриви виножита: сино-црвени, винено-жолти, лилаво-зелени, со полно усвитени искри, што се менуваа во една бескрајна низалка на боите, создавајќи уште во првиот следен миг нешто сосема ново.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од тоа набргу се исплете приказната за најстариот комунист во нивното село, а внукот веќе беше регистриран како Сталинче и немаше никаква опасност Језекил да не го добие местото на бригадир на градежната бригада на Задругата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Набргу остана само средишниот, тркалезен дел, сиот исплетен со ситни боцки.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Иако седев неподвижен, скоро без здив, посокот пак чкрташе под моите стапалки со број четириесет и пет, два броја помалку од вратот за кој тие ќе исплетеа јамка дури и од своите аорти.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)