исплива св.

исплива (св.)

Полното отцепување на Македонија од балканските државички во етнографски однос ќе исплива најаве со успокојувањето на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Одвај успеа да исплива и на коленици да стаса до брегот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Му исплива во паметта фабриката во која работеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие причини им се познати само на неколцина, тукуречи самозванци или случајно испливани на површината Македонци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И тогаш стравот се колне во мене и проколнува, стравот кој се беше изгубил во ехото на далгите кои испливуваа пред нас.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Но иако строго наменска и поттикната од желбата да се потисне траурното во нас, таа лошо смислена приказна исплива од ноќната река на спомените додека бдеев на прозорецот многу месеци потоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Успеавме некако да испливаме. Се срамев од погледите на луѓето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И за сето време, за да не се посомнева некој случајно во стварноста на која се однесуваа опширните Голдштајнови празни фрази, зад неговата глава на телекранот маршираа бескрајни колони на Евразиската армија - колона по колона цврсти мажи со безизразни азијатски лица, кои испливуваа на површината од екранот и исчезнуваа, за да бидат заменети од други, сосем слични.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Верува дека нема да го пропушти, во тоа неговиот творечки дух насетува прикаска, но тој е автор кој, прво, пишува за свое задоволство и, второ, сака да си постави мамка на која ќе се фати за да може добро да влезе во играта и успешно да исплива од неа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се спушта во малечка заветрина, Јасики, и искачувајќи се по јужните падини на Зајачки Рид испливува горе на ридот и по него се протегнува сѐ до Алилово, односно сѐ до крајот на источниот лак на Потковицата, односно сѐ до конечниот крај на целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го следеле животот околу себе со возбуда испливана од под мразот на зимската притаеност: и најстарите дрвја се подмладуваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Арсо исплива од понорот на тешка и глува тишина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од тоа првин почнаа сосема тивко да му потреперуваат мускулите на натколениците, за потоа тој трепет да почне да се всадува во неговите дамари и, па колку и да си го криеш и од себе си тоа, ова старче Језекил, сепак, она секогаш испливуваше во бледилото на неговото лице, при секој опорит и скочанет чекор, при секое движење, врзано од невидливите јамкишта и јазли на страот, кои го обраснуваа, обраснуваа и така прежилуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите филмови без цензура и монтажа директно ќе влегуваат во конкуренција за најдобар во маало, во месна заедница, а најдобрите што ќе испливаат на површина како награда ќе добијат пофалница со повратница во спална, и гратис абортус, ако е трети во тековната година.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Набргу детето ќе испливаше на брегот, слепено со грбот на својот коњ, па, не обѕирајќи се на извиците на престрашените мајки и нивните возбудени и восхитени деца, ќе одгалопираше угоре, преку маслиновата гора.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Утрината, кога сонцето исплива од источната страна на морето, сите морнари беа на палубата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој ги покажуваше злобно моите чевли што сега одеднаш испливуваа од тревата како чунови на езеро.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ненадејно, како потопена урнатина што ќе исплива на површината на водата, една мисла му се проби во свеста: „Но тоа не се случува навистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Движејќи се низ многу мисловни одредници надополнети со јазикот на комуникологијата, пред нас испливува топол свет од знаковни галерии и одредници.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Постоеше самиот сон и постоеше едно сеќавање поврзано со сонот, што исплива во неговиот мозок во неколкуте секунди по будењето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе