испокршен (прид.)
Гранките на дрвјата висеа испокршени како громови да удриле во дрвјата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Од празните болнички соби и ходниците во кои владее длабока, мртва тишина што ја поматува само тивкото крцкање на подгниените прозорци со испокршени стакла и врати, бие огромна осама која предизвикува измачувачки немир и чувство на болка.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Местото го посетивме и таму видовме само остатоци од дебели ѕидови, откорнати, испокршени, испревртени и расфрлени камења и дебели парчиња од керамиди.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Пули туа... Сендуците испокршени, мојте невестински руби изрвани, љуљката о која ми порастее дечките - испокршена и разбојот комати сторен...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Наоколу испокршени камења. Мириса на горено и изгорено и на барут.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мил лежеше на земја - мртов; околу него парчиња од испокршени епрувети, шише со гасови, глинени садови, кварцни лампи, електрични жици, леќи, микроскопот...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Погледна таму каде копаа. Освен испокршени гранки, нафрлени една врз друга и малку свежа земја растурена меѓу тревата, ништо друго не виде.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се појавија и уличните чистачи, кои ги собира остатоците од камења, испокршени стакла од шишињата, па и сѐ друго што останало тука, како трага од демонстрациите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Чана се враќа и носи нарамник испокршени штици и минувајќи пак крај нив Уд ѕади има цау куп секакви дрва, признејте там! проговара и влегува во куќата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во сосема пореметениот, испокршен свет се мешаат фрагменти од поранешните и сегашните режими, мелодии што еднаш веќе сме ги чуле, но во некој нов аранжман, симболи кои веќе сме ги виделе, но во некој нов дизајн.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)