испречи св.

испречи (св.)

Се протна под рампата, го премина просторот до влезот на кој наоружан со револвер на појасот и со рацете на грбот стоеше чуварот кој му се испречи на патот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Лелекот на селата го извлекол тогаш ајдутот Парамон од тајна пештера во која се криел а пред тоа со нож ја убил мечката што му се испречила на пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вечерта спроти Петровден, кога излегуваше од Кралска круна, се испречија пред него двајца.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Птиците ја прелетуваа границата, но само на езерските јагули, кои патуваа преку балканските реки и Медитеранот до Саргаското Море на Атланскиот Океан и назад низ новата генерација, не можеа на последното враќање да ја минат границата која луѓето по милиони години им ја испречија на патот со градба на неколку хидроцентрали во Албанија и Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие ги испраќаа со жален поглед се’ додека не исчезнеа зад првиот завој, но немаа смелост да се испречат пред некој од нив за да го помолат шоферот да ги качи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Беше зафатен со мисли како да се избегне оваа опасност што се испречи пред нивниот пат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Вдесно над забелот се испречи голема карпа.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Со вперен автомат пред нив се испречува Германец.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Имаат простор за маневрирање, а ние нема како да се испречиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Полека, внимавајќи да не шушка со лисјата, Цепенко зачекори низ царевката и се добра до големиот густеж од капини испречен на самата меѓа - меѓу нивата и патот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ко сторачен гигант сам против албанската чета беше се испречил така.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И одеднаш пред него се испречи бушаво планинско човече, непотстрижено откако е родено, со чпртав нос, со очи на див елен, човече кое чека само да му тутнеш нешто в муцка, па да ја смагли во шумата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кучињата чекаа пред вратата. Им фрли по едно парче, внимавајќи да не се степаат, тие ги голтнаа лакомо, речиси без задржување в уста и со широко отворени очи пак се испречија пред Бојана.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кочо тргна прекупат в крчма. Тој одеше замислен и не забележа од кај му се испречи некаква кална фигура, во градски алишта, со искривен качкет. Човекот беше пијан.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Најнапред се испречува дилемата: во која мера може да се прифати како несомнен доказ она што го видов во соседната канцеларија од канцеларијата на Грофот и тоа низ затворена врата?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Си одеше тој по улиците, допираше одвреме-навреме по нешто што ќе му се испречеше на пат, а потоа со задоволство гледаше како луѓето се тепаат кршејќи го златото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Потоа ги врза со уздите еден за друг, му се качи на средниот и ги спотера сите три по патот низ селото; коњите испијанети и потсилени од камшикот што им плускаше крај ушите, јуреа низ селото како бесни, креваа прав зад себе, газеа кокошки, патки, мачиња, кучиња и секаква живинка што ќе им се испречеше на патот и опкршуваа со сета сила по сокаците; прислужникот Геро потскокнуваше на средниот коњ, ги стегаше цврсто в рака сите три узди, плускаше со камшикот и викаше силно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Простувањето, во тебе, се испречува како висока планина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога челичните чудовишта, - тенковите, тргнаа в бој, тенкистите останаа зачудени: илјадници деца беа испречени на нивниот пат и фрлаа врз нив маслинови гранчиња.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И ај сега ти спровни ја својата крадлива рака со најмашка намера, да откинеш една трненка меѓу најмалку три трна што ти се испречиле на патот, како заштитници на невестата пред натрапникот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе