истанчи (св.)
И нозете му се истанчија, му се затресоа и го испуштија човекот одозгора.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сенката за да ни докаже дека не се возбудила од тажниот палјачо, почна да збеснува, да се собира и да се развлечува како гасеница, да се дуе како балон, да се истанчува како вретено.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Вратот ми се истанчил, што се вели, врвка ми станал.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Кај се децата, вика Јон и гласот го истанчува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Туку, галиба, доста е бришењето, се истанчија џамовите како книги цигарски.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Онисифор Проказник се истанчуваше како да истекува од маслосаниот кожув.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)