истопори (св.)
Лабро без да чека двапати да му речат, го одврза учкурот и со едната рака, држејќи ги шалварите, а со другата рака ...., се истопори пред ѕидот и од лево кон десно, па нагоре и надолу, го мочаше знамето.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И трите жени отспротива останаа на местото поднасмевнати и среќни што можат да видат вакво чудо - Џорџ и Жабе да се подбиваат со добротворот Симон Поцо, важниот писател кој малку- малку па нешто на машина пишува истопорен на балконот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Секој пијан ќе ти се истопори на влезот и ќе ти се измоча, да простиш, на диречено. Ѝ велам на Зорка, не е ова некој живот, треба да бегаме.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Откако успеа да се истопори на брегот од барата наречена „Езерце“, една од подебелите гуски си ги истресе перјата и сериозно се загледа во нас.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Доктор Миха во моментот ги откажа натамошните приеми и прегледи, се погледна дали е доволно спастрен за да се истопори пред власта, и јурна со колата кон полициската станица за која приближно знаеше каде е, но во која никогаш пред тоа не беше стапнал.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Како што и за царот Самоил истопорен на скопскиот плоштад велат дека рекол ќе било поарно и него да го ослепеле одошто севезден да му ги гледа бронзените мадиња на Букефал. Бронза во формал се става ли?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Откако сѐ беше ставено на своето место, дури и малку сон во нивните снаги додека се одомораа во нивните кревети, зајдисонцето освен што донесе освежување, најпрво пред вратничето го истопори целото семејство на Пена и на Танаско.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Крадец на крадец ништо не му краде и откога Прометеј се истопори во центарот на Скопје (првин угул гол потем со наметка на алтипатлакот) и свика на бадијалџиската толпа: аманте бре, луѓе, за тоа ли толку се резилев и го маткав оној зевс додека му го дрпнав огнот на хефест за тоа ли се мачев да ве научам како се пали огнот - за вие да ги распалите сите шуми и гори македонски сите до една опеани во заборавените народни песни - колку огнови сте украле, толку пожари да распалите.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
И машко и женцко, и старо и младо да се соберете на вигнатааа...!!! - викаше телалот, ама му се истопори дедо Наќе и му се развика: - Аре, пезевенк, нели ти реков на вигната да се соберат само машките, а?!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Таа веќе има бележано маж, се работи за денови или недели кога ќе го истопори пред Митра!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Станувам да отворам и гледам на врата се истопорил Жанко Жилковски, кој носеше 5 четврт бурек со урда, но внатре наместо урда имаше биено сирење, а до него застаната цицлестата Јелена Ристевиќ, која го држеше нејзиното најново цд у рука.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Беше некаква чудна грутка, истопорена таму, во нивните гради, заедно со измореноста, воопшто не беше студен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Море, по ѓаволите да одите! - му се истопори баба на попот - со тие ваши погани именишча.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ашлак, - му се истопори Аргир. „Самоволник, секогаш сака да врви само по неговото“ - помисли со негодување Веле за Аргира.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Застанат така, речиси неподвижен, покриен со смрзнат снег по телото и по лицето, наоблечен и наоружан, потпрен со раширени раце на вратата, беше како некој столетен даб, што мрачен и инаетлив ѝ се истопорил на зимата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)