истрае св.
истраен прид.

истрае (св.)

Блажени се оние што со храброст во своите срца ќе истраат да бидат она што од навек биле.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не можеше да истрае тој на желбата да го изрази своето сочувство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се разбрале меѓу себе со таен јазик на срцето, немо, скоро со вештина на ѕверови и со трепет што минувал од еден на друг: да се истрае, да се стори она за кое сите како еден на поаѓање дале клетва пред Успението Богородично на живописецот Михаило.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ниски исушени џбунки високи голи гранки и меѓу нив ситното лисје на зелениката како детски прсти очи на пролетта што истрајува на горскиот студ.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Но сега, повикувајќи ве да истраете во битките свои и да не потклекнете пред душманите што сакаат да ве нема од земјата ваша, сакам да ви го кажам ова: блажени се оние што го љубат името свое, та со делата свои го воздигнуваат, оти така го слават и Бога што тоа име според волјата своја им го дал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Победник сум! Научив како да се борам Како да истраам Како да сум доследен на моето јас! Научив многу нешта...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Само ако ми појде од рака јас самиот да слезам до дното на сопствената самота, ќе можам да ги разберам нејзините силни пораки, тајната на нејзиното балканско истрајување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога светот на нашите патријархалци дотраја и ги премина сите мерки во истрајувањето на својот закостен и мртов животен конструкт, тие не пронајдоа сила за мирен премин од својот патријархален во новиот (кибернетички) век.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во нив имаше безгранична надеж за да истраам во храмот заробен од луѓето кои не знаеја што чинат...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Заедничката верба во еден братски Балкан, која за сите беше утопија, ги храбреше да истраат во насочување на нивниот идеализам за разбирање на homo balcanicus во сите времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Кога двајца ќе решат да создадат семејство треба да се познаваат, да има веќе љубов меѓу нив бидејќи таа љубов ќе им дава сила да ги истраат сите искушенија во иднината. Сѐ друго е осудено на пропаст!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Зедов книга и сакав што побрзо да заспијам со неа в раце, но сонот не доаѓаше и јас почнав од некаде, без ред, на случајно отворена страница, да читам: „...во мириси што продираа длабоко во крвта и стануваа дел од мене, мирисаше на живот што со ситни гласчиња и движења се обединува во нешто силно, посилно од сѐ што би сакал, неделиво од мене, исто што и јас самиот, сѐ уште непронајден а желен... и мирна светлина е над мене и над светот, трага од нешто во мене, нешто што можело да биде и што било, нешто што ќе биде ако истраам во оваа празна состојба, без одбрана и без заштита, со браната на навиката и свеста и волјата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И сепак, ајде, к’истраеш во век, ќе бидеш пазач на ден и ноќ, стра и трепет ќе сееш со ред, заклучен вулкан со грозна моќ. ***
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Имаше и многу други предизвици кои ги тераа Татко и Камилски да истраат до крај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А кој ли жив ќе истрае така да скрие дните во гробен сон, сред тешко ропство и глад и мака да лежи кротко на ладен трон.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
9. А затемнувањето не беше вечно и вечно не истраја ништо освен утрото и ноќта и Месечината што гинеше сама и сама од себе што се пресоздаваше.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Загрижено нѐ погали по косите, лицето му се отвори во насмевката со која нѐ храбреше кога требаше да истраеме во надежта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога Татко ја откри претпоставената вистина за патот на јагулите и за нивното враќање низ новите генерации, тој добиваше дополнителни сили, од длабината на своето битие, да истрае во големата битка со егзилот, да издржи во минувањето низ сите негови пеколни кругови, во потрага на рајот на враќањето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Меѓутоа, тука беа Татковите книги, од кои сѐ уште се ослободуваше некаква светлина, некаква надеж, да се истрајува додека тие се прелистуваа од невидливите раце на судбината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така искапен, повторно се сети на песната, за тркалата и судбината и милоста божја, на патот таму горе сред небото, каде една ѕвезда меѓу милион други, неподвижни ѕвезди се осмелуваше да се движи и да истрае во движењето. Потоа престана со косењето на тревата. 28
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе