истренира (св.)
Годините поминати во автобус на долгите патувања и чекањето на границите ме истренирале, трпението ми е на ниво 11 од можни 10.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Но, во физичка смисла војната сега ангажира многу мал број луѓе, претежно високо истренирани специјалисти и предизвикува споредбено помалку жртви.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше хронично гладен и хронично настинат - ништо не го најадуваше и никогаш не беше дојаден, а од друга страна беше истрениран да трпи глад со денови; зиме - лете носот му течеше, кога мрсули кога водичка, па не знаеше што е тоа да ти биде топло, кога е доволно да имаш нешто на грбот колку да не ти се тресат вилиците.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Притоа готвачот го истренира парчето месо да го фаќа в уста, да скока нагоре кон неговата рака, да му прави задоволство и забава.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)