истрпи (св.)
Па и ова јас што го кажувам за да се види колку може човек да истрпи и пак да остане.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не, не можев да ја истрпам неправдата! Да, сигурно е така.
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
А знам дека има и повеќе што истрпеле...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Низ прозорец ако сакаш фрли ме, ќе истрпам!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
А пак има луѓе кои ни од блиските не се примани како што треба, но можат да трпат и истрпуваат. И да молчат. Како мене.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Единствено што мораше да истрпи во бракот беше правењето ручек 2-3 пати неделно, пеглањето алишта и 30-те килограми вишок од Ратка.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Па има и такви што, откако ќе истрпат Исусови маки или по сите напори, завршуваат на операциска маса со „царски“ рез.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сакаат да заофкаат зашто така ќе им е полесно да ја истрпат болката, можат да се молат, секој на свој јазик и на свој господ, и молчат: православецот ќе му се посмее на исламецот, исламецот на православецот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Јебига: маж ќе те тепа, жена ќе те вара, швалерка ќе те остави, син ќе те разочара, снаа нема да ти се погоди, зет ќе се испијани, балдска ќе те намрази - а само сестра е во состојба сите нив да ги истрпи!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Но Трпе истрпел транзиција па тие 30 килограми и не беа посериозен проблем.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Затоа е неопходно училиштето да ги научи децата да мразат, а тоа да не изгледа така, зашто нашата култура не може да ја истрпи помислата дека мали деца можат да се мразат едни со други.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Зошто воопшто стана? Можеше да истрпи. Можеше.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој веќе не можеше да го истрпи гладот и целиот растреперен пречекори со едната нога надвор од куќичката. Немаше никој.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
А Трпе беше спремен све да истрпи.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)