истурка св.

истурка (св.)

Офицерот го фати за уво, ја отвори вратата, му удри една клоца и му викна: - Хинаус!** - и го истурка надвор.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Впрочем кога човек ќе истурка еден сонувачки век Најнакрај има право малку и да се разгаќи Да ги пушти соновите да се нишаат по езерската шир И да ги крепат охридските маратонци А и другите пливци и скокачи во водени сонови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Надвор Свети Илија се растрчува со своите огнени кочии по небото веројатно со намера неговите секавици да го разбркат црнилото од нејзиното срце и да ја истуркаат сета болка од незиното згрчено срце!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Собери си ја ногата кај тебе, ќе свикам, и ќе му ја истуркам онака од кај мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе застане некој пред нас, а ние ќе го истуркаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веројатно и со лага или со еден вид принуда се послужил бидејќи помислил дека тоа е најдобар начин да ѝ ја истурка на девојката од мислите несигурноста и колебањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А сега нема ништо да клоцне, да го истурка ложникот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А меѓу камењата: истуркани празни кревети, исклоцани куќни посатки, подгорени ѕидни појаси и скали кои веќе не водат никаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Хеликоптер со камера во клунот мора да ја следел во височината и имаше многу аплауз од партиските седишта, но една жена долу во проловскиот дел од салата ненадејно почна да крева врева и да вика дека тие не смееле да го прикажуваат пред децата, не требало, не е во ред пред деца сѐ додека полицијата не ја истурка надвор мислам дека нешто ѝ се случило, никому не му е гајле што велат проловите типична проловска реакција тие никогаш...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нѐ истуркаа од камионите и нѐ тераа да трчаме, да клекнуваме и стануваме, да скокаме, а скоро сите бевме стари и изнемоштени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно брадјосано мажиште, целиот во партали поради што изгледаше како полнета џиновска птица, се истурка меѓу луѓето напред.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но, не многу после тоа од својот прозорец Змејко можеше да гледа како неа ја истуркуваат, разматувајќи ја, едни црвеникави, осојничави ветрови, што избодинуваа како незадржлива пепелничава коњица од северното небо, внесувајќи некој токму таков пепелаво-модрикав немир, во оние бездони пробиви, што ги оставаа по себе во исковитланата и наеднаш сосема поинаква, плаховита смиреност на облаците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сред сета онаа арогантна турканица, таа ми праќаше охрабрувачки погледи,со неприкриена нотка на сожалување, што ме натера, токму на полноќ, откако буричкајќи по џебовите најдов две згужвани, испотени, но се уште читливи хартиички, да скокнам од мракот, си истуркам пат и лежарно му го земам микрофонот на едниот од гласноговорниците дркаџии.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Глигор се радуваше како дете. Тој го истурка прислужникот и ја тресна вратата зад него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја истуркавме војната, време е да те вдомиме! - како да го слушаше гласот на Серафим, татко ѝ, кој не беше со пушка в раце, но во секоја прилика ги помагаше партизаните.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Попот се откажа и од ќерка си Бисера што го прибра Крлета и еднаш, кога таа отиде да го види, да му ги земе алиштата за перење и да му занесе едно грне кисело млеко, толку го налути кога му рече в очи оти тој е крив, а не Крсте, — го грабна од полицата грнето, и го удри од глава и ја истурка низ врата со полна уста клетви: — Еве откаде дуел ветерот шо ми го подветрил детето, да даде господ нека срдешница да а вати!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А кога Андон ги истурка сам парите на подот, по кој се колчеа пејачките, Филе не се здржа: - Мм... Шутрак...- промрмори налутено и нареди да се угасат ламбите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Понекогаш успеваше да истурка хартија или вреќа, да отвори пат за својот студен и мокар здив.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Не постои повеќе овде за тебе,“ ѝ викнал едниот од браќата, ја грабнал за рамената, и ја истуркал од креветот. „Те водиме дома засекогаш!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За среќа, прилично научи за радостите и за лебот, за плодовите, за хранливоста на тагата, за нејзините дождови, за црните и за белите мириси на слободата, за карпата што ќе треба да ја истуркаш на врвот пред да се вратиш по патот на иднината.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Повеќе