исцрпен прид.

исцрпен (прид.)

Материјата што на прв поглед уверува дека од неа е исцрпена топлината до конечност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Откако прашањето ќе биде исцрпено и по него е примено некакво решение, се испраќаат циркулари дека прашањето е исцрпено.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Толку сум исцрпен и измачен од некоја неопислива мачнина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А таму, зад темнината во моите очи, Господ со гласот на исушените лисја продолжуваше да размислува: - Замисли си што ќе се случеше некој од командантите да се впуштеше да им го опишува на другарите сѐ она што се случуваше она пладне, а во тој исцрпен опис да нѐ спомнеше и нас двајцата како сеирџии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ниеднаш не ја изгуби онаа мирна празнина, онаа што понекогаш му беше и некаква чудесна леснина во сето негово тело, но за која тој знаеше дека е од исцрпеност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во таа гужва никој и не забележа како малиот коњаник, исцрпен и блед во лицето, полека исчезнува преку маслиновата шумичка... ***
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
111. И за оваа дејност на Богословско-учителската школа во Белград постои исцрпна архивска документација што наполно ги потврдува зборовите на Мисирков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бев толку исцрпен што не бев во состојба спрема него да покажам дури ни презир. Излегов на улица, меѓу светот, како на соне.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Брзо стигнаа одговори. Особено беа исцрпни анализите од републиките со мешано население на национална и на верска основа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се чуствувам повеќекратно исцрпен. Во сржта на моето тело тлее еден очај од кој чуствувам како одвнатре се топам и истечувам, дотрајувајќи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Пред прикаската, вмугри, го довлекле гладен и исцрпен и, сожалувајќи го стар и нагрнат со безбојна черга, му дале да јаде и му дале ракија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И за секоја инспирација која исцрпена од нив, за да се пренесе на сите како одраз на времето, неблагодарно кон нив, ја фатив во стих.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Одвај одам од исцрпеност, а сепак, нетрпението да пристигнам, не ми дава да подзастанам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Пред летувањето, отромавени, се влечкавме како на нозете да имавме чизми; кога ќе се расипеше лифтот, се качувавме по скалите со мака, тешко дишејќи; зјапавме во отворениот телевизор, голтајќи огромни количества кекс, потоа исцрпени, заспивавме со свртени грбови, веднаш...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Дупката наоколу беше опашана од толпата, а внатре Јован, како гладијатор, до половина гол, испотен и исцрпен, се бореше со страшната ѕверка - сувата и непопустлива почва.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Годината што измина ја научи на претпазливост и недоверба, секогаш да биде на штрек и многу да не прашува и да издржува повеќе отколку што крепат дури и исцрпените сили.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Откако ја ослободил од стисокот на шепите, ја видел во колебање дали да остане кога е веќе откриена или да избега, како досега, исцрпена и гладна, да ја следи дружината на свој вешт начин со кој и во присутноста ѝ останувала невидлива и доследна на својата цел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таков вртеж од недомислени размисли ја додржуваше Гого главата на рамената, додека ги сложуваше боите де со четката де со шпахлата, отстапувајќи чекор - два наназад за да го одмери она што го намачкал, со едното затворено, а другото примижано око, како да беше на стрелиште, па ќе приседнеше на еден издлабен триножник колку да земе здив и да му се врати на платното, во една борба во која се вживуваше и уживаше, сѐ до неизвесниот исход кога веќе исцрпен не сакаше да знае дали излегол победник или губитник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога пак Јаков ќе заминеше, таа не можеше да заспие и ги впиваше во ноздрите, исцрпена од дивата љубов, мошусните мириси што во нејзината постела ги оставаше неговото жилаво темнокожо тело и кои одново ја преплавуваа и до болка ѝ го јакнеа копнежот по него.  Утрото го обои прозорецот во румено.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Толку многу се залета, иако го предупредив да не го прави тоа, та кога виде дека ништо од тоа не заврши со успех, само се плесна на креветот исцрпен од умор.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Повеќе