исцрпувачки (прид.)
Навистина, малку потешко ми паѓа кога гледам дека животот, оној што преостана, се претвори во исцрпувачка симултанка од стварносни трагедии и кичеви.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Лежеше во маѓепсаност и ужас, а потоа падна во исцрпувачки сон.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Небото имаше потопла сина боја од кога било таа година и одеднаш долгата вечер исполнета со врева во Центарот, здодевните, исцрпувачки игри, предавањата, врескавото другарство подмачкано со џин, му се сторија неподносливи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Умерен во пијалакот и задоволствата со жените, тој постојано го вежбаше телото (со исцрпувачки атлетски вежби) и духот (во Библиотеката, меѓу старите книги и записи).
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)