исчезнат прид.
исчезне св.

исчезнат (прид.)

Таа, иако исчезната одамна, успеваше да живее и да го оживува моето детство, со истите илузии.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш префектот извади еден бележник и почна на глас да ни чита подробен опис на внатрешниот, а особено на надворешниот изглед на исчезнатиот документ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Исчезнатиот облик, изгубениот човек умот ти го надлетува се вртиш занесено и неутешно а сенката твоја се одразува толку блиску што ти недостига растојание да си пријдеш крилјата да си ги собереш!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Еврејката Нилика, во овој ист, за жал исчезнат во Земјотресот Пасаж пред да замине за Израел ми беше рекла дека долго избегнувала да шета по Пасажов за да не се среќава со спомените.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Стотина верници беа собрани пред гробиштата и присуствуваа на мисата за исчезнатите, за живите, во малата капела која послужи како олтар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во своето кажување не престануваше да го внесува моето семејство од двете страни на границата, за мене познати и непознати, исчезнати и останати во живот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кај жените се вратиле во она полумрачно доба кога духот на исчезнатата светлина сѐ уште скита над полињата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го допираше внимателно секој документ од сиџилите со своите долги прсти, како со пинцета, работејќи во најнеобичната балканска алхемиска лабораторија на идеи, во потрага по исчезнатото време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој и неколкумина други како него, беа последните преостанати врски со исчезнатиот свет на капитализмот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И еве сега неговиот Галеб, како со сила создаден и одржуван феникс, треба да го оживее исчезнатото време... но и тој на крајот да заврши како старо железо, а Синиот воз да остане на некој заборавен колосек...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ислуженото тело веќе не ја додржуваше душата. Беа исчезнати од Татковото лице и брчките, трагите на големиот егзил.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Времето на исчезнатите цивилизации почиваше врз овие киклопски ѕидишта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Можеби затоа што книгите се природно населени низ целата куќа и нивното присуство, во стариот кујнски шкаф, на пример, каде што во расеаноста на предвоениот мебел се потпираат еден со друг двата „народни готвачи“, петте тома од илустрираната сликовница за исчезнати цивилизации „Симфонии во каменот“, е сосема обично.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Секој посетител на гробот на Б порано или подоцна се водеше како исчезнат.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Морав да го одврзувам скутникот, да навлечам место налами влечки на нозете, а потоа, во еден долг разговор со Парнаџиев, да го потрошам сето свое умеење за да добијам мало тавче ѓувеч место моето исчезнато тавче ориз.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Жедна поради самотијата и лагите, од воздухот кој во собите на замокот е посув од пламен, го бараше исчезнатиот сок на нејзините гради.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако остане дома, знаеше што го чека - бескрајното и неуморно чекање на мајка му во осамената куќа, наизмерната глувост на секаква, добра или лоша вест, за исчезнатиот татко; неговото бесмислено шлаење низ градот без секаква цел, изненада или задоволство.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа повторно молк со години, и наеднаш нова вест: слушнале од некого оти божем ја видел од далеку во некој голем град, но дали била токму неговата исчезната жена или некоја слична на неа мустра, сведокот за жал не можел да потврди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тонеа благо во белината, се расплинуваа во неодредени меки полусенки, малечки и залелкани во врнежот, а тој ги испраќаше сѐ додека нивните црнки не смекнаа толку многу, како да се растворија и наеднаш веќе беа неповратно исчезнати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овие балкански писатели, кои се прославија во светот, суверено излегуваа од хоризонтите на пристрасните национални историографии, трагаа по исчезнатото османско време, кое не беше обележано како европското, со духовните, културни, уметнички и филозофски векови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе