исчешла св.

исчешла (св.)

Првите дни машките фрлаа по некој и друг поглед во Нешка кога идеше со бацкови и Стојановци измиена, исчешлана, без прцле и цилувци, во ново кошулче, со ново гунче, подбрадена под гуша, но кога се виде дека ја вардат тројца, сите дечиња, и тие од I одделение па дури и од IV, не смееја да ѝ се опулат накриво, не пак да ја задеваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеш и да се исчешлаш и патецот да си го исправиш, да си го поправиш. 179
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си премотувам низ глава дали се исчешлав и дали да се насмеам (не знам дали ги откачив овие вештачкиве), па проверувам со јазикот и победоносно се смеам, демек, само до забите е убавината Оти сѐ друго ми е потамам!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не фаќајте се за појадокот ако не сте миени! Убаво исчешлајте си ја косата!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Е, тоа се вика вистинска банда, - се помислив воодушевено, погледнувајќи, не без презир, во моите момчиња кои одеднаш ми се видоа многу нежни, неприлично облечени во фармерки и патики, убаво исчешлани и премногу чисти.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бугарската младеж овде ги употребува сите свои сили и средства да се покаже напредничава, т.е. социјалистичка: долги и бесмислени говори, долги коси и убаво исчешлана брада, црвена или сина руска кошула и др.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Потоа ќе ја исчешла својата прекрасна коса, ќе ги нашминка своите прекрасни очи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Негде во средината на пролетта ( а кој да ја забележи пустата пролет?) пред нивниот влез застанаа два џипа со црвени крстови од страната, под крстовите на едниот македонско писмо, а на другиот грчко, и бидејќи беа најавени со писмо по пошта нив ги пречекаа Пелагија и Чана, меѓу нив трите внучиња на баба Петра и дедо Костадин променети во нови алишта, избањати со миризлив сапун двете девојчиња убаво исчешлани и со панделки во косите, а машкото убаво потстрижно и со патец над левото уво.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се изми, ја исчешла густата, млада коса и без здив ја изпразни чашата со млеко.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги гледа прибрани, исчешлани и облечени за постудено време, како облечени и да спиеле.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Исчешлај се. Облечи се. Ништо не е во срцето, сѐ е во лицето.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
ПАРАСКЕВА: Очите ти се црвени како крв. Косата не си ја исчешлал со месеци. Ноктите орловски. Што правиш со себе?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Таа стана и влезе во купатилото. По подолго време, излезе оттаму. Измиена. Исчешлана. Прибрана.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)