камуфлира (св. и несв.)
Всушност тој глас на проклетото суштество или шпионче, кое дебне од длабоката скривница изградена во мојата утроба (во секој случај таа скривница се наоѓа таму негде, добро камуфлирана и непристапна поради недоодната мрежа од коридори) најбезобѕирно ме исмејуваше.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Родовите стереотипи го излудуваа, особено кога беа камуфлирани во поучни детски приказни.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Најпосле стигнавме до бунарот. Беше покриен со четири подебели штици и камуфлиран со зеленило. Лесно ги отстранивме.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Камуфлирајќи ги „забранетите“ извори на своите фантазии, играчот – бегалец пред студот постигнува двоен учинок – успева за себе да здобие толку задоволство барем привремено да го совлада потискувањето и им овозможува на другите сми од несвесното да црпат утеха и олеснување.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Одбивањето на модерниот свет се камуфлираше како одбивање на капиталистичкиот начин на живот, но во прв ред стануваше збор за одбивање на духот од 1789. (и 1776., се разбира).
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)