капела (ж.)
Потем, пред погребот, во капелата, го донесоа во лимен сандак. Рекоа: не може да се отвори.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Баба секоја вечер тивко влегуваше во капеличката и се молеше за здравје на сите.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
А и добро направив. Со својата посмртна моќ јас в час можев да се најдам среде гробиштата, ама намерно пешки заодив по патот што води кон капелата, таму каде што се подредени продавачите на цвеќе и свеќи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Во капеличката можеше да влезе само една особа, таа беше можеби со димензии некаде метар на метар.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Капелата свиреше и гласот на една пејачка мрзливо излегуваше однатре заедно со цимбањето на раштимуваните инструменти и тапо удираше по ќепенците на затворените дуќани...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Можеш ли да му ја поматиш верноста
кон земното, додавајќи знак по знак
откривајќи ги срамните делови
на твојот систем
загадочниот метод
небесниот свод- дом
за да може да оди по истиот пат
и да стига до истата цел
човекот, оној кој над црната точка
стрепи по сличното, од различното стрепи
спојува еден со друг:
еден и еден, два со два, седумдесетидва
името го дели на четири
елементи – I.H.V.H.
тетраграматонот го врти, го враќа
ред по ред реди
вистината на скрбта ја учи
завист и суета, суета и завист
сѐ е бесценет камен, а број
свет и сила
равенката меѓу нив се припикнува
како вода меѓу шуплинките во карпата
како зрак во мрачна капела
бели точки на црна површина
поделена на две:
еднооко човече
дворог Пан
троока нимфа
четириаголен круг
пирамидална петка
црно на црно
расфрлан, разигран
Ум на Светлоста
Умна светлост.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Стотина верници беа собрани пред гробиштата и присуствуваа на мисата за исчезнатите, за живите, во малата капела која послужи како олтар.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А ти можеш да појдеш на бањање еден блок подолу од капелата, таму им се спалните. Не можеш да промашиш.
„Малиот дожд“
од Томас Пинчон
Во Бугарија дошла од Кашмир каде што, според преданието, некоја индиска принцеза се капела во базен сиот опсипан со ружи...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се разѕвонуваат телефоните и другиот ден на собир пред капелата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Алхен многу се срамеше. Тој веќе одамна ги распродаде сите инструменти од капелата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Па потем, незаборавната симфонија од бои на Светата Капела во Париз, со најголем број витражи во светот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Дрн наутро телефонот и слушалката ќе ти шепне – си отиде П . И во одговор велиш – ќе се видиме пред капелата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Потоа пројавија интерес и за животописот во гробната капела на св. Наум каде што се прикажани неговите чуда: го направил неподвижен монахот што сакал да го открадне неговото тело од гробот; го направил неподвижен крадецот што сакал да го украде коњот од манастирот; ги излечил разните душевно болни луѓе изгонувајќи го од нив злото и бесот и им ги исцелил нивните душевни страдања, вадејќи им го нечистиот низ устата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тоа беше мала капела со прекрасни икони на светци кои беа прикачени на зидот од спротива вратичката низ која се влегуваше во малата прострија.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Несомнената драматика на свршетокот: шиштењето на воздухот од хармониумот што ја проследува туберкулозната песна на Ѓорѓи, и стакленото око на неговата верна, несакана сопруга, што реско се тркала на подот, барокно ја украсувам со паралела од книгата прочитана попладнево: - Во сценска смисла, чувствувам дека тоа беше постепена смрт од највисок ред, како самоубиството на Потоцки, кој, самиот излеа куршум од златната дршка на шеќерникот, подарокот од мајка му за полнолетството, го благослови во домашната капеличка и осамувајќи се во библиотеката, со него си го разнесе мозокот. – Ужасно.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ги поведе во јужниот дел и им ја покажа ниската капела во која е гробот на свети Наум со неговите мошти, како и самицата во која се лечат болни. Полковниците гледаа со интерес.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Редовот на музичката капела Јегор Пономаренко наредувам службено да го пратат на економката Акулина по предметот десет аршини јаже од кудељ.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Дали се капела во млеко? Откаде му такво сеќавање?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Алхен не можеше да не ја украде капелата. И сега тој многу се срамеше.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)