капилар (м.)
Вајаше, милуваше, обликуваше скулпторот, а со тоа како да се спровираше низ сопственото крвотечение, низ капиларите, низ свиоците на мозокот, низ талозите од годините и собитијата, низ честичките што Живот се нарекуваат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во сето тоа и во што не друго жените навистина генијално се снаоѓаат, но нема итрина со која таа мажот ќе го спречи да истече; уште од нејзината спарнина неговиот пенис ќе ја почуствува во предворјето, меѓу нејзините нозе, пред да ѝ го доставил, уште не брцнат целиот внатре, уште ниеднаш не повлечен наназад за да ѝ го втера пак и да почне да ѝ го напумпува и испумпува она задоволство што доаѓа од сѐ подлабоко и подлабоко од телото додека не почне да се црпи од капиларите на кожата по целото нејзино тело.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ќе прекинам некој доаѓа. Поштар, не оној што го знам туку нов и непознат, поинаков од вчерашниот, со пајажина на модроцврени капилари пред очите со набабрен десен колк со мирис на кожено палто штотуку симнато од рамениците.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Косата и веѓите му изгореа, а му изгоре и кожата на лицето; новата кожа што му порасна му беше тенка и проѕирна како хартија за виткање цигари низ која му се наѕираа мрежестите капилари како гранки од сува папрат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Сепак некоја идна капетанова ќерка повторно да повторно ќе ги засака огреаните тела на непостоечката дивина... едно пливачко попладне или дали еволутивниот премин од водата кон копното претходно подразбира ист таков напреден чекор во спротивна насока ...влези во водата зарем не гледаш дека крвариш се насмевнува тате секогаш во право потрчај кон лековитите бранови нурни се јас со силното татковско тело ќе те дочекам ќе те сочувам од рефлекторите го намокрувам стапалото поспано ме допираат водените стопрсти мојата црвена крв потечува низ нивните сината низ моите вени нагоре над коленото толку лесно не боли тато пази на сѐ риба сум малечка засолнета во устата на таткото поаѓаме по топлите струи кон југ кон југ кон југ... но што сега се насмевнува ако те исфрлам од утробата до кога ќе се сокриваш во мене до кога ќе бидеш глува слепа ме турка ме истуркува од себе немој врескам тој немилосрден е немилосрден е ме протерува пливај сама нуркај сама храни се сама љуби сама греши сама сама сама... повторно на брегот на карпите со сонцето на влажниот стомак го чекам да се врати од водите од подводните пештери да ми ја залеп левата шака на старото место потполно сочувана сите живци капилари мускулчиња секое движење стисок допир само тате да плукне на раната ќе се врати отсечената шака пак ќе су негова негова негова негова негова...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Под густите, несредени веѓи, високо кренати на челото, очите му испакнаа напред и во нив можеа да се видат капилари испреплетени во црвени мрежи кои беа единствена трага од живот на неговото безизразно лице.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)