катадневен (прид.)
Кога го видоа белобрадестиот патник, тие, Ескимите, голи и боси, како родени од мајка, се накупчија пред санките, а најстариот – со мустачиња и брада од петнаесетина влакна, се исперчи пред сите други: - Ви велев ли катадневно дека еден ден ќе ни дојде небесниот господар, испратен од белото небо?
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Екстерно и интерно тестирање прави секоја недела и бесплатни часови по сите предмети, од прво до осмо им дава катадневно на твоите и на оние од брат ти. Пофалница и благодарница не се бакшиш!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ќе биде тешко да ме запаметиш, во овој безличен ден, со датум пречкртан од катадневието.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Бидејќи големиот пазар не ѝ беше далеку, таа, како при катадневен ритуал, одеше да купува со два големи зембили, зеленчук, овошје, ориз, грав, брашно и многу други производи, од кои најмалку употребуваше самата таа, а другото повторно им го раздаваше на своите сиромашни соседи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Настапува супрематијата на апатија и мизантропија, ригидност во покажувањето на емоции и рустични груби чувства во катадневната хиперболична, токсична, сурова реалност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Дајте ми една полна рака од тие апчиња без вода, да се отрујам. Да се трујам катадневно, до крајот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Конкретизирање на моите илузии во страница вистина, која треба да ја раководи државата во пресудни моменти во однесувањето кон другата држава Шифрантот Петар Иваз ја чекаше пораката, откако ми го предаде катадневниот циркулар на телеграми кои стигнуваа од Централата на прочит.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бегав колку можев подалеку од маглата на безделничењето, сивиот чад на катадневието, неподносливоста на монотонијата, затоа што таму во тој загушлив простор губев парче душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Подигањето на чифлизите стана така што мајсторите и потковичаните (нив, на последниве, тоа посебно тешко им падна: покрај што беа катадневно ангажирани во градежните работи, кршеа и довезуваа камења, сечеа плитари, бичеа греди, газеа кал и мешаа малтер, мораше да се грижат уште и за исхраната на мајсторите, за полето и за домазлакот) најпрвин го одредија просторот на кој требаше да бидат подигнати идните чифлизи, потоа истиот тој простор од Имотот и од селото го издвоија со широки сокаци и високи камени ѕидови.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„А јас ќе те прашам. Од каде е ова сонце што ја грее земјава катадневно?“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Да ги добиев вчера, да ги добиев макар денеска пред тргање на школо, јас ќе го предварев овој удар што не лесно се залечува, немаше печат на катадневна потсмешливост да се одбележи на оној убав лик што го носев во себе.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Сето тоа, колку и да беше катадневно, на Јана ѝ изгледаше како еден необичен свет од првпат отворена книга.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Со години траеше тој катадневен ритуал, додека Мајка ја служеше здравјето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Чувството дека ве чита шефот на државата, пред кого катадневно пристигнуваа стотици телеграми од сите страни во светот, не само што храбреше, но и обврзуваше да се одржи довербата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Само катадневната инјекција ќе го потсетува на болеста.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Бев катадневно готов да пишувам десетици страници депеши, опсервации, извештаи кои, на крајот од годината, надминуваа и илјада страници, а на Мајка постојано да ѝ ги одложувам одговорите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
а чудата „чудата понекогаш се случуваат катадневно и престануваат да те чудат а потоа пак ништо не се случува и тоа си е најнормално“ рече Снешко Белчо* најубавото зимско дворно страшило од кое не се плаши ни министерот за внатрешни работи* лично чудно зарем не 25.12.2001.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Ги нашле, како кажуваше, Ибраим Ибраим, в зори или подоцна, по една спогодба на завојуваните за кус мир за кое време ќе се соберат мртвите и ранетите; подоцна, по некоја година, еден човек без нога, ќе се потпира на патерици и на слеп човек, катадневно да седат обајцата во чајџилницата на некој Тефик Рамо, човек со задув и срдечен кон секој кој што, дури и првпат, дошол кај него на чај или кафе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И на коњот му беа здодевни овие катадневни мерења на патиштата, но задоволство наоѓаше со стасување во селото: додека неговиот стопан им пишуваше на луѓето, тој спокојно си пасеше по лединките погалуван често од рацете на оние што чекаа ред кај Фончета, а повеќе пати нахрануван и со зоб од оние што сакаа Фонче да им напише што поубава тужба или жалба, или ако претходното судење се решило во нивна корист.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Запреа и повеќегодишните, чиниш катадневни, молби и убедувања од сите, преостанатите синови и ќерката, таа да живее со еден од нас, или кај сите тројца, повремено.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)