кафенце (ср.)
Оттука треба да излезе шеќерецот, кафенцето, тутунецот и други мастрафи за куќата, а пак лебецот и зопта за Алчето му беа осигурени.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Докторот Мев широко се насмевеа, „кафенцето беше по мерка“, додаде и ме испрати, мавнувајќи ми со рака.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
И да си знаеш! По јадењето е мигот на моето уживање. Цигарче со кафенце.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Ти олесна, мори Марионке?“ „Ми олесна Спасио“. „Ех, уште кафенце да има некој да нѐ послужи“!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)